Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Кеј,

Колку златни девојчиња се испорасипаа пошо го чекаа принцот на бел коњ ама им улета коњот.Од девојче со култура со сите нишани си викаш види ја златна оваа алал да му е на тој што ќе ја земе , и ја среќаваш на улица пцуе ко кочијаш , се понаша ко да не видела центру града, фали уште да ти 'ркне и да си речеш ај по ѓаволите идам ја за пустец.:toe:
 
Ме зафаќа меланхолија, се чувствувам како тапа од испиено шише, пепел од испушена цигара, слушам балади и мислам на години млади.Сонот тешко да дојде а како што мислам се повеќе и повеќе согледувам дека животот без врска ми пројде.
 
Кеј,

Моментот коа мртва гладна ќе се напукаш ајвар пола тегло у идинајс!!!!!!! навечер и не можиш да заспииш од шо ти е тешко на желудникот. Сладок е маме му, коа ќе му седниш, тешко стануење. Иначе како ќе го изглеав Boyhood. У принцип ми се свиѓа, само едно прашање ми се врте у главата. Дали Итан знае у нешто друго да глуме, освен у вакви некои слоумоушн филмови?
 
Здраво Драга,

Еве ти пишувам вака од сабајле од работа оти сакам да ти кажам нешто :)
Од кога се вратив ск една колешка од работа мир не ми дава. Значи пред мене седи и толку е јака по стопати у ден ме испозапалува :P
Мој тип на женска Драга да знаеш што би и правел.... Такво чуство на напаленост имав пред неколку месеци, ама како и да е одлично се чуствувам кога ја гледам.
Дај ми совет, не знам што да правам, ќе ме полуди колешката :sekc:
 
Јебеш Азијки, имам друга мистерија за разоткривање...

5b4934ba76ff38a717142fe86ad1df32.jpg
 
Кеј,

Нека престанат луѓево да не споредуваат со северна кореја, тие нема што немаат освоено.Овие сител не може ни осминафинале светско ракомет да не пројдат , а да не правиме муабет за титула.
 
ДК
Овие двајца кој пред само неколку години во прам тајм после 12 претураја од празно во шупливо за банални теми, сега дојдода да одлучуват шо треба народот да мисли, да слуша и да гледа на тв.
Aма фино си рече чичко Боб Дилан the times they are a changin
на се' ќе му дојди крај
 
Сношто во сон на мобилен ми се јави Ли (Lee пишеше), ми рече да потврам дека ми стигнала патката (duck), пошо и други чекале да нарачет. На англиски ми зборвеше...

nkXSPwy.jpg
 
Драга


Симпатијата ми пиша да се видиме.
И му викам, Меркур планетата на комуникацијата се движи ретроградно низ мојата трета куќа, и хороскопот вели да ги откажам сите патувања и излегувања.
И му откажав.
Нареден пат нека чита хороскоп и нека го погоди тајмингот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom