Имам приметено еден тип на луѓе и за овој вид на луѓе, најверојатно постои резервирано место во пеколот, а Луци ги чека да умрат за да може да се изживува над нив.
Тоа се оние фаци кои што се гадат од секое второ јадење кое ќе им го спомнеш.
„Ау не, ми се повраќа од маслинки и од јогурт исто. Ууу, чипс одвратно, ми се лоши само што ми спомнуваш таков чипс. Не ми зборувај за пржени компири/сланина/грав/сендивчи, ми се повраќа од самиот муабет. Х јадењето што го ЈАДЕШ ВО МОМЕНТОВ, ме потсеќа на нешто гадно и лигаво, ууу, како МОЖЕШ ДА ГО ЈАДЕШ?“
Случајно или не, истите фаци се склони кон тоа да серат све што ти се свиѓа.
„Бегај бе, само болни луѓе гејмаат толку. Не знам, на мене ми е досадно да се замарам со книги и филозофирање. Не е битно што не ме ни праша и не ме ни покани во муабетот кој го правиш со својот соговорник, јас ја чувствувам потребата да ви кажам дека не гледам причина зошто се замарате со вакви глупости.“
Истите фаци, увек повлекуваат заклучоци дека тие околу нив се глупи, тоа што другите го прават се глупости и се опседнати со тоа све да е во ред, наместено, да не направат грешка пошто правење грешка е ФАТАЛНО и ако случајно, си забораил да ги стаиш патиките на шкафчето кога си влегол кај нив дома или НЕ ДАЈ БОЖЕ си забораил како се викаше глумецот за којшто сте збореле минатиот пат, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ ПРИЛИКАТА ДА ТИ ГО КАЖАТ ГЛУПИОТ ЗАКЛУЧОК КОЈ ГО ДОНЕЛЕ!!!
„Добро бе, лесно е името на пејачката за која зборувавме пред 300000 години, како можеш да го забораиш, памти повеќе! Нели ти реков како се вика тогаш? Ти падна пенкалото, аман, како можеш да не знаеш да го држиш? Зошто го вариш кафето со водата, а не ставаш топла вода па кафе? “
Е за таа врста на штетници, имам различни методи на мачење за кои тајно фантазирам и евентуално ќе дојдам до степен да бидам на власт и законски да ги официјализирам.
За тоа живеам.