Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
ne znam kade da napisam pa zatoa tuka.
zbunet sum, ne mozam nikogas da sfatam zosto ne naiduvam na razbrani lugje.
dali znaci deka moderatorot e zapecen bidejki mi ja izbrisa temata za zapecenost?
 
Драга,

Се може да се смени, само не можеш да им ги затнеш устите на луѓето.
Амин.
Не можам јас више Кајги. Стварно не можам со некои луѓе. Дојдов до степен да викам, а малце ми фалеше да додадам некој сочен збор.
Као демек они се зрели, оформени особи. Они ти се пропалитет кој во животот нема друга работа освен да јаде трици за било кого, али затоа нивните деца се светци. Никогаш не сум сфаќала зашо дотолку бе мораш тоа детето да си го фалиш, а тоа кутро, глупо е ко точак.
Скурчено ми е од фамилијарни дешавки, тоа ти треба лексилиум за да преживејш, а јас не планирам во живот да се трујам со такви срања.
Ми се одјаде од простота и самобендисаност.
 
се сложувам со маја а и заеби божич, за таквите не постои госпо во психата и госпо го убиа во мене, хистерични и прости, само стап за нив, ми е гајле шо ден е, под нозе има да ги изгазам и да го бришам подо со нив
 
Драга,
Напишав километарски пост.
Пред да кликнам Испрати мислење го прочитав.
Си реков „За жалење си пеер, не си ти толку лигава“.
И сега ќе одам да учам. Или нема. Ќе видиме.

Поздрав,
Од Роџер братучедата.
 
Драга,

Не знам кој е попатетичен. Дали ја што на тролање ја потрошив вечерта, или тие што ме сфатија сериозно. Да, реторско прашање е.

Фала на пажњи.
 
Денов ми помина некако многу споро, а сепак многу убаво. Секогаш е убаво на Божиќ, некако посебна е магијата на овие празници после Нова Година.
У моментов си ја слушам
И не, не сум у депре или слично него само убава ми е песната. Ајт отидов да висам над книгата, she needs me. :ljubove:
 
Се напраила дупка до прозоров у соба студи свири -10 е внатре. Облеков капа и ракавици пред компјутер, влага татко ми успан ме виде се прекрсти и си излезе. :pos:
Башка и ова коледариве ме заебаа драга, дојдоа само една фамилија цигани и 3-4 дечиња - останаа сите бонбони и мандарини, на толку месо денес уште ова ми требаше ќе поцркам.:kafence:
 
Кајг,
Шанкот ти е најдобра потпора, секогаш. Вечерва пак на исто место, исти луѓе, иста лоша музика, истата од 6 до 6 насмеана фаца извадена од некој џеб во јакната, како и скоро секое утро, истиот шанк на кој си пораснал... Дупката во која што се научив и направив, не е истата. Вкусот на џонито додека шета низ чашата не е истиот. Луѓето се се поразлични, а се е полошо. Се е како порано, само се осеќаш старо, со сила ја туркаш последната чаша, а цигарите се при крај.

Не, ништо не сфаќаш, не ти е јасно зошто е тоа така, зошто така функционираат работите, само знаеш дека никогаш не си се сменил доволно. Уште си истото тоа кое те направиле и истото кое мразиш да си. И никогаш не се помирив, само џигерот ми знае колку сум се помирил.
Џабе ќе го тупам...

I heard a joke once...
 
Не знам кој го внесе зборот дејт во македонскиот јазик, ама кој и да е, одговорен е за моите оштетени очи/уши и мозок секој пат кога ќе го слушнам/видам/прочитам.
Нема подебилен интернационализам кој влегол во нашиот јазик.:jajce:
Го видов моменталниот хаштаг на Твитер што се шири и ми се запали главата.:yid:
И тоа вака болна, што ми требаше да го видам, да ти се плукнам од неукиот збор. :sakasuste::uzi:
А бе, а беееее....:boksix:

Утре ваква настината и болна треба да се сликам за лична карта. Феноменално, наредни 5 години на личната карта ќе делувам како Перса од некој виц. Генијално.:sramezliv:

Ај, отидов да пробам да спијам, јас ова чисто да исфрлам нервоза пред спиење. :Кезец:
 
Најистоштувачки ми е кога сум приморана да се смеам на нечии лоши шеги од култура. Не ми иде бре! Не знам фејк да се насмеам и готово. Апла приметно е. :jajce: Станете смешни и не ме измачувајте. :place:

Сите ветуваат диети после празнициве, а јас ветувам откога ќе ги изедам пакетчињава. Ќе ми треба дупло вежбање, ама АКО. Задоволството е побитно. :свиркам:
 
Kej


Божиќ е магично време од годинава...има нешто посебно во празников. Чист пример беше стариот мој. Затворен човек кој ретко покажуваше емоција. Но на овој ден секогаш беше различно. Традиционално секоја година навечер на овој ден ќе го отвореше старото шише коњак останато уште од време ќе се напиеше по една чаша и дур ја пиеше чашата почнуваше да ми раскажува приказни од негивот живот. Ги кажуваше некад со среќа, некад со тага. Во зависност од тоа каков дел од животот ми кажуваше. Кажуваше за неговото детство, за неговите другари, за неговата прва љубов, за неговото служење војска низ југославија, за работата по терените, за тоа како се запозналал со мајка ми, за дента кога сестра ми се родила, за дента ја кога сум се родил....ах како страшно ми фалат тие моменти...и солзиве не се толку страшни колку што ме фаќа тага кога го гледам шишето недопиено...кога ги гледам празните фотејли...кога не го гледам тоа лице...шишето ќе стои за кога ќе дојде време јас да имам деца....само што нема за мене да им кажувам прво....ќе им раскажувам за тоа каков дедо имале и дека треба да се гордеат со него...ќе пишував уште ама неможам веќе....


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom