Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Драга...

... на овој сосема рандом избран датум решив да го пишам постов, првично посветен на оние личности кои на 16ти октомври и 25ти јануари секоја година обавезно се појавуваат и мрчат за луѓето кои оддаваат почит преку споделување песни на социјалните мрежи на најсветлата точка во историјата на нашиот народ на тие денови, пошто нели, според нив репер за љубов према некој и нешто е ако постираш на фејсбук и форум. Постов не е наменет за таквите, но кога ќе дојдат тие денови ќе им го посочам ова само, да не се мачат со таквите коментари, бидејќи на тие денови ние мораме да оддаваме огромна почит кон таа личност, кој што сака нека каже. Како и да е...

... државава е мрачна. Секоја Нова Година која ја дочекуваме излегуваат нови проблеми, нови грижи, атмосферата опаѓа на сите страни, а јас како што гледам, буквално со секоја измината година се повеќе светла се гасат. Не примеќате? Помалку радост, помалку среќа, помалку причини за живеење. Знам дека народот секогаш се буни за нешто, но луѓе, утепани сме сите, кога шетам низ мојов град се чувствувам како да гледам бездушни тела како се мачат, привидно делувајќи среќни, но длабоко во себе изнемоштени. Се сеќавам на деновите кога бев мал, оние чувства на безгрижност, и иако моите секогаш имаа некои проблеми, сепак убав беше животот. Убаво беше бе, и покрај тоа што на 4 годишна возраст во рок од една година претрпев две тешки операции кои ме оставија во болница долго време, за среќа без никакви трајни последици, а пак ми беше убаво. Се сеќавам како болно детенце на инфективна, комшиите кои до денес ми се пријатели ми донесоа касетофонче на кое си пуштав касети од Тоше, Куку-Леле, Магија, Дарио, Нови Дечки, Врчак, Александар Митевски, тие песни од доцните 90ти и раниот 21ви век, среќен си бев. И луѓето околу мене изгледаа среќно. Сега кога гледам на тие времиња, размислувам, се враќам во времето додека на јутуб си ги пуштам стариве песни и можам да разберам. Нова држава, сме имале огромна надеж, сме си слушале убава наша музика, не сме биле толку поделени партиски, сме си помагале многу повеќе, заедно сме се залагале за подобра заедничка иднина. Убаво ни било, нели? Можеби бидејќи бев дете не можам да знам со сигурност, но јас имав такво чувство, чувство на сигурност и хармонија.

Убаво беше и во почетокот на 21виот век и покрај тоа што секако дека имаше проблеми. Имавме некоја надеж, го имавме Тоше на кој секого се огледуваше. Се наоѓаа и други јавни личности кои покажуваа дека може ќе не биде како држава, индивидуалци кои ветуваат, нормално никој ни до колена не му беше, но се наоѓаа. Едноставно ја имавме таа искра која не тераше да продолжиме напред. Јас во ова време бев како секое друго дете тогаш. Надвор со другарчињата на тие активности низ кои поминува секое дете, дома пред телевизор гледајќи цртани, гледајќи музички програми на кои идеа претходнонаведените изведувачи и нивните легендарни песни, со далечинското од видеото во рака, касета во него, спремен да ги снимам и да си ги слушам другпат, снимав и скечеви од К-15 иако не ги ни разбирав повеќето, си се смеев. Уште ги имам касетите и на секој месец дена ги гледам, продолжувам да се присеќам. Тргнав и во основно, но сеуште ме држеше тоа чувство. Многу сакам да знам бе, сигурен сум, но ми треба потврда, дали луѓето во нашата земја беа толку среќни тие времиња?

And then it all happened at once. Во рок од неколку години, војна, рамковни договори, надворешни притисоци, ни го убија и претседателот. Тогаш не ги разбирав овие работи, но сега истражувајќи и поврзувајќи ги сеќавањата од тогаш, да. Го разбирам ефектот кој го имало врз нашиот народ. Држава со огромен потенцијал која добро почнала, утепана од старт, ко мува со тепалка сотрена од виша сила. Луѓето почнаа да ја губат надежта, се појави страв, поделба меѓу народот, клевети, оговарања, нервози, паники, еден бран од негативни емоции кој се случи и засекогаш остави траен белег врз нас. Ама сеуште се држевме некако. Сеуште верувавме дека ќе не биде. Субјективно ќе речам, еден човек беше заслужен за тоа, човекот од кого имам пуштена плејлиста моментално и ги слушам сите негови песни. Тој беше единствениот кој влеваше надеж, не со таква цел, но внесуваше позитивна енергија. Си правеше песни, си пееше, хуман беше, едноставно тој беше олицитворение на доброто во Македонецот, покажуваше дека постои можност не секој кој е познат и славен да биде класичен douchebag, туку дека можеш да останеш присебен и кога си на врвот. Можеби не го слушаа сите, но сите го сакаа, тоа е непобивлив факт. Но, секако, тогаш не разбиравме дека тој ни е најсветлата точка, единствената во нашата историја би рекол. Кон неговата добрина се стремеа и другите, имаше личности кои сакаа да бидат како него, тоа не предизвикуваше љубомора или лутина, туку пријатна компетиција. Се сеќавам на КРТ, МС, Скајнет, програмине кои цело време пуштаа наша музика и сите ги слушавме таквите. 24/7 музика. Различни изведувачи имаше, но сепак никој не му беше рамен на него.

И продолживме да идеме даље. Продолжија останатите проблеми, но и ние со разнишана верба сепак чекоревме некако. И тогаш вториот шамар, тој човек загина. Ви текнува на тој момент? Надвор штама, сите ќутат, сите се држат за глава, плачат. Го снема. Со него ги снема и сите надежи, а лелеците колку што беа за него, толку беа и за „што правиме сега?“, иако ни тогаш не го сфаќавме тоа. Не сфаќавме дека ако го поставиме прашањето „кој асален остана?“, не зборам само за музички аспект, туку општо од славните личности, било да се музичари, актери, политичари, било што, било која јавна личност, ако го поставевме тоа прашање, ќе сфатевме дека нема никој друг. Индиректно беше поставувано прашањето, „кој ќе биде новиот Тоше?“. Хах, новиот Тоше... таков нема да се појави никогаш, ни приближно, во ниеден аспект, нема да се појави некој кој ќе ни даде некаква надеж.

И добро, ќе рече некој дека претерувам, дека не зависело се од тоа, други работи исто имале влијание врз мизеријава во која живееме денес. Точно, но тие работи се случуваа и пред тоа, едноставно имаше баланс помеѓу доброто и лошото. Имаше нешто што ја одржуваше рамнотежата, да бидеме нормални луѓе. После него, ако размислите убаво, се се сруши. Откако го снема него, ги снема и другите кои беа колку-толку асални. Нашиот идентитет почна да опаѓа, глобализацијата надвладеа и се зголемија надворешните влијанија кои ги згаснаа домашните, македонски артисти никаде, нема што да видиш, нема што да чуеш. Тогаш се засили и поделеноста уште повеќе. Мито и корупција на секаде, негативни мисли, влеговме во the dark ages од нашата историја. Тоа што го реков, мрачна држава. Не примеќате како со секоја измината година е потемно, потивко? Згаснуваме, полека но сигурно. Скопјево барем знам дека е сиво. И кога времето е најведро, градов го гледам како сив, мртвило, омраза, фрустрација од сите страни. Полека но сигурно едни на други си го убиваме духот во себе, додека останатите од страна гледаат и подмолно се смешкаат. Пропаѓаме.

Ама сериозно прашувам, го гледате ова? Гледате како губиме надеж? Луѓе изнервирани од најразни давачки кои им ги налагаат, тажни лица, привидна радост но длабока депресија, тешење дека има боље утре. Протести на улица, на телевизија само препукувања и навреди, двојни игри, кроење планови зад грб, љубов нема никаде, сите гледаат само за себе, да се снајдат некако, да изгазат се пред себе за нив да им биде убаво, не се мислиме едни со други. Немаме кохезија, немаме единство, немаме забава во ниеден поглед, нема што да се гледа Македонско, немаме успех во спорт, па да му се сневиди, немаме еден асален пејач! Ни фали успех. ни фали нешто што е наше и кое ќе не бутне да се придвижиме колку-толку, да престанеме да шетаме без компас, како брод изгубен во бура. Сетете се кога во кошарка репрезентацијата имаше успех, колку убаво изгледаше се и колку се радувавме. Каде се таквите успеси? Да не збориме културата дека веќе е долго време изумрена, културата во секоја смисла на зборот. Немаме ништо. Да не праша некој сега, „каде вие ја гледате надежта?“, јас лично немам одговор, не верувам дека некој има. Боли тоа што имавме можност, имавме огромен потенцијал да направиме нешто, ама секој ден тонеме во поголеми проблеми и нервозите, негативните емоции се дуплираат. Имавме нешто, сега го немаме, а го немаме ни патот да се вратиме на тие работи.

Фрустрациите се и кај мене. Иако директно сеуште не ме загрозиле, еден по еден сите мои пријатели ги фаќаат такви проблеми, проблеми за кои тие не се криви, туку се раѓаат поради тоа што живееме во многу заебано општество, па само прашање на време е кога и мене ќе ме погоди нешто посилно од било кога и ќе ја испуштам и малата надеж која во себе ја чувам. Се случија некои работи кои сеуште не можам да ги кажам (во некој нареден пост секако), но мене ми ја убија вербата дека ќе не биде, иако до пред некој месец бев одлучен да останам тука и да се залагам за подобрување на работите, иако не сум патриот, едноставно сакав местото каде сум израснал да го направам подобро за оние кои ќе ме наследат, а не заради некоја идеологија. Сакав да донесам промена, сеуште сакам да направам добри работи, да помогнам на некој начин, да внесам надеж, позитива, да не бидам некој кој ќе го проживее животот„онака“, туку ќе се потруди колку што знае и умее, колку што е способен да придонесе, но во последно време сфатив дека тоа не е можно. Не е дека јас не сум способен, јас многу верувам во себе и знам дека има некои кои веруваат во мене, има и такви кои не ме сакаат поради одредени мои контроверзни гледишта иако никогаш не сум имал намера да направам нешто негативно за нив (и ако некогаш така искочило им се извинувам), но едноставно премногу длабоко сме заглавени и сега гледам дека никогаш нема да излеземе.

Во историјата, вистината е дека Александар Велики не бил голем. Не бил голем ни Цезар, ни Јустинијан, ни Наполеон, ни Гоце Делчев, ни Кенеди, ни Тито. Тоа биле најобични луѓе, како што сме ние, како што се сите кои ги гледаш секојдневно, само што тие биле успешни луѓе своевремено. Единствената причина зошто тие се „големи“, е бидејќи ние, луѓето, низ историјата сме одлучиле дека тие се „големи“. Нивните успеси биле со доволно големо влијание, за да речеме „е тоа бил голем човек“. Кај нас нема голем човек. Не е до толку проблемот што го нема човекот, колку што нема услови за да се појави голем човек. Сакаме, а не дозволуваме. Дури и да се појави, одма ќе биде згаснат од љубоморни души на кои им е жал што некој има нешто што тие го немаат, ќе биде згаснат од корумпираноста, од успехот кој се постигнува само со „иам другар на другар што ќе те протне таму“, од недоволната желба воопшто да видиме голем човек, не сфаќаме ни дека ни треба таков. И да се појави, самите ќе го згаснеме и нема да му дадеме шанса. Ете, пробуваат да мрднат некои, али нашите другарчиња од социјалните мрежи на кои им стегаме лајкови, истите оние кои се жалат од други, ги исмејуваат таквите.

Ама го имавме „големиот човек“. Кога евентуално оваа држава и овој народ ќе згасне во вечен мрак, сакам да го памтиме. Сакам тој да биде она што „сме го имале и било наше“, број еден, најдоброто. Јас ветувам дека секогаш кога ќе бидам во можност ќе пробувам да му дадам колку што може поголема важност. Иако постојат исфрурстрирани личности на кои им е „тапа“ стално да слушаат за неговата големина, јас верувам дека ова не е доволно и сеуште не сфаќаме што сме изгубиле. Затоа ветувам дека секогаш ќе го ставам во прв план, бидејќи тој е единствената добра работа која заслужува да се памти од нашава кратка историја. Сакам кога во иднина ќе се зборува за минатото на Македонија, за нашата култура, на учебниците по историја да стои слика од него и кратко, но доволно јасно објаснување за тоа зошто токму тој е таму. Нема да има никој друг како тебе, јас секогаш ќе те памтам, тебе и тоа што пробуваше да го постигнеш, тоа што ни го даваше на нас и што не правеше силни. После тебе нема ни уште една скала, државата ни е огромна соба за тага, срцево ни е камен, заспани сме во свет без љубов, со долгови, сеништа кои во чекор не демнеат, веќе сме во вечно паѓање и кога све се собра, остана само пораз.

Sorry for the long post, морав.
 
Последно уредено:
notime.jpg


:icon_mrgr:
 
Драа Кајгана

Стара нова година ти е устфари исти кур како благ црвен сол, значи благ, али ипак сол : D

И стфарно кој ги кур на овија северњаци, српско вече хахаха.Ми искачасмо ичера али у прогресиф место куде што пичеше флојд,џими,цепелини.Понасмеани и поразигрени фаце су тија него онија што гледаф намќорски сс пиво у руку док у позадину иде кошава или беле руже.У прогресиф места да згазнеш некога или да гурнеш, ке му каеш извини и он насмеано ке ти напраи живели, тој е то. А у шабанаџовиќ места моеш и флашу у главу да изедеш за исту работу. Можда и треба да си Саша Матиќ за да не дојде до "што ме глеаш" ситуацију.


И да, клошару менковски : D Ja ти га пријави овој мислење над мое, затој што е гадно и ја и Драа нејќемо да стои туја.
Поздраф Нездраф
 
Вчера ми беше роденден мала .. Затоа и си ја сакам толку стара нова година :aplauz::aplauz:! 23 лета напунив, хух. Ми се седнуваше во некоја кафана да се залиеме малце и за двата поводи, ама екипата за оган беше повеќе и ги откачив. Никогаш не сум бил по тоа, а посебно не сега со затнат нос и настинат малце. Викендот ќе се надокнаде, осеќам. Си исцепав дома еден шумадијски микс и си учев цела вечер за ''карактеристики на ефективен лидер'' :rolleyes: .. Ајде се надевам дека до крајот на месецот ќе го спремам материјалот и ќе го полагам првиот испит од магистратурата во февруари.

Убаво почна годината иначе, баш фино. Вака кога ептен на арно одат работите се плашам малце, оти знам дека ме демне нешто од страна и може у секој момент да ме пресече, ама ајде ќе видиме до каде ќе тераме вака. Башка и паричката за прв пат во животот се падна во мене (ми ја наместија можда). 22 години супер истерав без паричка, сега или фркнам и ќе станам Шешељ, или ќе ми падне клавир врз глава од некоја тераса.
Во чест на роденденот мора оваа .. :motorce:

ПС - Многу сонувам во последно време, драми. Сношти во сонот бев дел од македонска верзија на #AreYouTheOne .. Која по ѓаволите е Тами ?!:misticen:
 
Драга,

Изгубив апетит од "мислењето" на претходната страница. Не верувам дека ќе го тргнат, зашто да се замараше некој ваљда членот ќе беше баниран одаааамнааааааааа, како и сите негови роднини, кој курац и да му се.

Дојдов да прокенкам за овие што "работат" во Македонскава пошта. Милион шалтери, никој апсолутно ништо не работи. На еден шалтер знам дека плико можеш да си купиш и ваљда тоа е тоа што работи таа на тој шалтер. И да, не им давај повеќе од 100 денари, ќе употребат дигитрон зашто не им е јасно колку треба да ти вратат. Ете каква ни е државава. Мрзлива, неписмена и глупа. Оставени од времето на Тито на работа, а верувам дека најтешко им било воведувањето на фискални. Контролирани од уште поголеми идиоти. Никаква транзиција, курац.
Кога и да застанам на ебан семафор, бар еден поминува на црвено, иако за 5 секунди потоа светнува зелено. Секој ебан пат, ама секој. Малце ви се казните, нека ве одерат на живо. За 5 секунди ќе смениш нешто ебате? Може само да те акне некој и да ти ја скрши главата. Никој во државава не се брза дотолку, али ајде.
Во право е Рики, тонеме во гомна, уствари длабоко сме зацапани во нив.
Ми рекоа дека во последно време многу на пцуење сум обрнала. Јебига, и за тоа повеќе се секираат од мене. Не било ladylike. :rolleyes: Алоооооо, баба вика дека сум била најнемирна од сите внучиња, а сите други се машки, нит сум била некогаш дама, нит ќе бидам. Најдете си живот ебате.
 
Драга...

Денес бев кај чичковците карабињери, требаше да пријавам злосторство. И додека јас се тресев ко да се пријавувам јас за убиство, тој чичкото пред мене куцаше. Одеднаш запре...каде е знакот за долаарот??? Доаѓа другиот чичко и почнуваат заедно да го бараат!!! Каде ли е знакот за долар на тастатурава?
Конечно се смирив...овие и да се пријавувам јас за криминал нема да сфатат
Им покажав каде е знакот за долар :(
 
На иста дата за година дена ми земаш двајца роднини, гомно едно посрано! Ајде земи ми уште некој, ќе славам дента кога ќе ти го најдат лекот
 
I am disabled by fears concerning which course to take.
For, now that wheels are turning,
I find my faith deserting me.
 
Ах, морам низ срањево да поминам еднаш у година изглеа.. Ме јаде.

Damn u I.
Damn the day.
Damn the nights.
Дај да се средам, очи да отворам.
Утре си одам од тука.

...
 
Драга дај најди ми цимер :)
Ми треба за од 9ти фебруари во Кисела вода кај рампа.

Ако најдеш некој пиши ми ПП
Чао :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom