Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Мајка ми : шо е синко , ни муабет правиш со мене ни ништо, што те мачи?
Јас: џабе ќе прајме муабет кога нема да се согласиш
мајка ми : можиш да кажиш шо сакаш, знајш дека те подржувам за се
јас : има надвор едно маче сакам до.....
Мајка ми : НЕ !!
 
Што да ти кажам драга?
Ништо посебно... Нова година помина, уште не можам да се навикнам на новата година...
Сеуште не сфатив зошто сонот на еден човек всушност нема цена, сеуште не знам зошто токму тогаш кога сакаш да бидеш слушнат никој не те слуша... кога подаваш рака, нема кој да ја земе и да те извлече... Зошто понекогаш беспомошно гледаш како работите „умираат“ пред твои очи...
Останав идеалист кој сака светот да е онаков каков што сакам да биде.
Ај... во оваа 2015 година белки нешто од тоа ќе се промени.
 
Драга пак јас...
Знам дека е касно малку за вакви работи, ама јбг, никогаш не е касно за уживање...
Ајде на чоколадо, кафе и цигарче:coffee:
 
Драга,

Многу се зафатени сите, иако нит учат, нит работат, еве пет саати си чекам да ми врати другарка на порака, на телефон што и ја пишав, со кој истиот е моментално на фб уклучена. Пет саати. Пет.
Дали сум јас глупа што мислам дека на порака што се однесува за некоја работа наредниот ден треба да одговорам, па да речеме, што е можно побрзо?
И кога јас више нема да и мавам рецка, зашто стварно ми е прекурчено и не е првпат, тогаш јас ќе бидам кучката која нејзе ја игнорира и нејќе да се дружи више со неа. Па, поарно да бидам кучка отколку да изигравам будала на здрав памет.
 
Најтешка работа уствари ми е да не бидам циник кога правам муабет со некој не толку близок или кога се запознавам со некој. Мачно ми е да бидам пластично позитивен со луѓе.
 
ДК

Ги испаничив по дома 2 дена сам, телефон исклучен на фејсбук не одговарам :oops:
Го пратија брат ми да проверат дали сум жив :lolzz:

П.С Им се извинив за траумите :angel:
 
via Sид на сообраќајниот срам
Прашање: Патот Битола - Кичево чист е?
Одговор: Чист е, стакло!
:aplauz:

И гратис реклама за Уни Банка
10426762_825270710845251_9087002653449433529_n.jpg
 
Последно уредено:
Пак у бетонот.
Нема топла вода.
На кој нормален би му била потребна топла вода у воа време?
Си седам сеа при крај со грицки, почеток на една депресија.
Депресивен пошо без грицки, утре сакам да спијам 25 саати.
Утре сакам да ископам дупка.
Утре ќе ти се смеам.
Утре ќе ти нурнам у рацете. :3
Утре ќе зеам седмица.
Утре ќе јадам од седмица.
Утре нема да правам ништо друго поврзано со седмица.
Утре ќе ја ставам левата слушалка на десното уво, десната на левото.
Утре ќе порачам пица, ќе и речам на тетката надвор ќе почекам и ќе си идам.
Утре ќе мочам без раце.
Утре ќе се украдам лубеница.
Утре ќе пијам од чешмата.
Утре, само рано да станам.
 
На денот на мојата смрт, кога ќе се носи мојот ковчег, не мисли дека ќе чувствувам болка за овој свет. Не плачи и не зборувај штета, штета. Кога млекото ќе се расипе, поголема е штетата. Кога ќе ме видиш дека ме ставаат в гроб, нема да исчезнам. Зарем месечината и сонцето исчезнуваат кога заоѓаат? Тебе ти се чини смрт, а тоа е раѓање. Гробот ти се чини темнина, а душата станала слободна. Кое зрно не никнува кога ќе се стави в земи. Па зошто се сомневаш во зрното човеково?

Знаеш, во тебе не се сомневав воопшто, во секое зрно човеково да, само не во твоето.
Затоа ти како вечност зарасна во мене.
 
Драга, денес татко ми за прв пат ми кажа дека ме сака.
Мојот свет, замре за момент.
Веројатно треба да сум среќна.

Уствари, па и на кој му е гајле..
 
Драга

Пред некој ден отворав тегла, ми пукна во рака. Вчера случајно си ја ставив раката врз камин, онака лефтерно неколку секунди пред да сватам што се дешава. Пред 5 минути скршив челичен нож. Нити гребнатинка на мене. Како дете се прашував дали имам супермоќи, now i know :ojeaa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom