Драга Кајгана , good morning
Во Македонија подобро од Норвешка
Норвежаните постари од 67 години плаќаат половина од цената на јавниот транспорт. Во Македонија некои денови превозот за сите пензионери е бесплатен. Е добро сеа, Норвешка нуди некои ситници повеќе...
Норвешка, па и општо цела Скандинавија, секогаш добиваат највисоки оценки кога се во прашање заработката, безбедноста, здравството и заштитата на животната средина.
Што толку нуди Норвешка?
- Сите лица над 67 години добиваат фиксна државна пензија од околу 1.000 евра.
- Норвешка троши 5% од БДП за луѓето постари од 67 години.
- Просечниот животен век во Норвешка е 84 години, а поголем дел од луѓето немаат здравствени проблеми ни на 77 години.
- 7 од 10 луѓе помеѓу 55 и 64 години се декларираат себе како работоспособни.
- Речиси сите кои моментално имаат помеѓу 60 и 70 години се со завршен факултет, а студирањето на државните универзитети е бесплатно за сите.
- Освен образованието, бесплатни се и музеите. Посетителите на музејот во Осло можат да ја гледаат „Врисок“ на Едвард Мунк и по неколку пати во денот.
- Грижата за децата е исто така добро организирана, така што цело време кое родителите го губат е додека да го однесат детето на лекар, а од таму преземаат докторите и родителот може да се врати по детето по работното време. Бабите и дедовците воопшто не се обврзани со чување на внуци.
- Луѓето над 67 години плаќаат половина од цената за јавниот транспорт.
- Во Норвешка не треба да се грижиш дали ќе заглавиш во сообраќајна гужва затоа што едвај 50% од семејствата имаат автомобил.
- Во последниве 30 години помалку од 30% Норвежани се пожалиле
од тага, меланхолија и депресија.
Извор on.net.mk