Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве како изгледаа подрумите кај мене во зграда, на самиот почеток. На крајот, водата дојде скроз до плафон. Битно Коце утре ќе даде ручек за сите граѓани и ситуацијата е под контрола. (y)
10610702_10202617345702010_7808317458313609383_n.jpg
 
Кајги, не ми се јасни луѓето, посебно женските кои кукаат по бифшите со статуси, слики и глупости, а биле во врска 1 месец и се скарале чисто онака од досада. А да, одма знаеш дека некоја раскинала или нема дечко кога ќе објави connected2.me профил на фејсбук.

Инаку денов ми е срање, не знам како може само мене да ми се случуваат волку глупави работи. Во понеделник полагам за кола, а ги скршив наочарите, ако не ги средам до тогаш лошо ќе биде...
 
Кеј,

Мислам оти си го направив најлошиот помфрит до сега во целата моја кулинарска кариера. Сепак оценувајќи го денов, добро е што не ми се запали зејтинот. И после најважната состојка во храната не била емоцијата. Ма немој!
 
Дрга, денес на автобуска ми се приближи една бабичка, нит ја знам, нит ја познавам и ми рече: Ќути бабе, не врне. :D И така си се насмеавме двете и она си продолжи по патот. :ROFLMAO:

Ми го направи денот, бе. :D
Ништо чудно и комшика да ми е. Ама па и јас мислиш толку памтам фаци и имиња. :ROFLMAO:
Башка ми тргна денов ептен. Убо ми е. Сречен ден ми е. :D

Се мислам дали да фатам книга, демек редот да си го фатам. Ама кај сум јас за редовно учење? Кампањски му е мајката. :D Башка додека ги разлистував, прочитав: сваќања, превзема, завзема. Ми идеше да го распарчам, озбилно. Не дека сум нешто писмена, ама ми боде очи, бе! Учебник е. (n)
 
Драга,

Засега животот со цимеров е супер.
Никогаш не ми е досадно, секогаш има што да се прави или дискутира. Кога ќути, што е многу, многу ретка појава, тогаш или е нешо лут или изнервиран (од мене). Али рековме тоа е ретко, и брзо му проаѓа. Ми вари кафе и ми пржи јајца. Некни дури и го натерав да ме измасира. Ми ги носи ќесите од пазарење, да не се мачам јас, нежно, осетливо.
На пола филм заспива, тоа му е мана, али тоа е тоа, изморено е детето.
Веќе три дена го бара чипсот што го купил од продавница, и никако да го најде. Јас глава сечам дека му е заборавен на касa, ко што си губи така дел од работите повремено.
Се некако се спрема во последни 5 минути, брз е додуша, али ипак јас го чекам пред врата, наместо клишето он-мене. Али дека не се сликаме, тагираме и чекираме кај и да одиме, исто ко да не сме излегле.
Ми ласка чат-пат, вика дека имал најубава цимерка на свет, дали му е тоа некоја тактика да добие нешто, од навика си го дрнда, или пак стварно го мисли - јас тоа не знам, али за да и ласкам јас на мојата суета, решив да му верувам и да не тумачам од која причина рони бисери.
Ме гњави секој ден за трчање, ако сака секој ден по 10x масажи да ми мава за да ми се опуштат мускулите после тоа, нека продолжи. Јас можам само време да мерам.

Дипломската ја неам куцнато може 4-5 дена. Има време.
У глобала, never been happier.
 
Драа

Од како иам вифи у собу, мноо девојчики ми доваѓаф на кафе и сладолет, онакој, од нигде се избацуеф : D
Не, шалу се

Од како иам фиви у собу, комај цело време ме боли глава,харп ли е криф, маме му га масонско
 
Драга во темана за невремето во Скопје, валво почна да дискутира за кемтреилс :pos: и ај после викај стереотипите не важеле, кооперација тип на човек (не плаќа данок, социјално, здравствено, плука по емигранти што се снашле) чул недочул за кемтреилс и почнува дискусија :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom