Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга К,

Грк ни суди пенал, албанец ни дава гол а ние? и после ќе каже некој комшиите биле лоши... ма дај.
 
Драга Кајгана,
Конечно на интвау им текна на каналот на Јутуб да ги стават настапите од Изборот на летен хит 2014, иако не се ставени сите настапи......, ако не друго ќе имаме што да гледаме и слушаме вечерва:)
 
Лебарка бе брат, не излегви на сред јадење бе брат...да ти се згадит се.
А влезам во некоја соба лебарка излегвит,убавезно. Кај мене в соба дискач имат излеа. Дали јас сум баксуз па секоја година добивам таква соба или толку ме сакет лебаркиве па сегде по мене се пикет или КРАЈНО ВРЕМЕ Е ЕБАВЕ ГЛУПИТЕ ДА ИСПРСКАТЕ ПРОТИВ ЛЕБАРКИ? Копилиња море, сеа како ќе спијам :(
 
Драга...

... денеска конечно ја удрив 20ката и засекогаш ги напуштив тинејџерските години. Спомените остануваат зад мене, но сепак сум таков човек кој не верува во моќта на бројките и нивната можност да донесат драстична промена, па затоа всушност не оставам ништо зад себе, туку продолжувам да го живеам животот континуирано. Сепак, убаво е да се биде во 20+ клубот :)
 
Здраво јас едно прашање сакам да прашам.

Дали сите тие што ги лајкуваат сликите на Virgin Radio Lebanon се девици? :cautious:

За другар прашувам иначе.
 
Бејби,
Сме правеле 7 годишнина пред некој ден а? Јас се извинувам што ја заборавив :noze:
Денес ми стигна зелената карта по пошта. Официјално е сега :cool: Сега уште за возачка да средиме.
Гледав филм денес со Сакис Рувас бе!!! Амерички филм! :вонзем: Додека го гледав филмот, си викам абе го знам типов, многу позната фаца. И да, многу позната фаца, сум го видела еднаш пред 10 години еј :pos: Браво за него, си се снашол и со глума. Ваљда боље него да продолжел да пее.
 
Кеј,

Имаш една тема форумски цитати.Таа да ја чуваш лепотице,а и тие што постираат во нејзе посебно плаватадамабуба.Убава вечер,а и летово е фино упознав пар добри луѓе
 
Денес ќе патувам со човек кој љуби брза вожња, а направил сообраќајка само седум пати. Ако умрам, ил загинам, нека дојде некој да ми ја избрише историјата во компјутерот.
 
Ако Агда умре у сообраќајка, мене тогаш ќе ми се деси момент - убила ме туџа срамота. У историјата на нејзиниот компјутер нема да има порно (ко кај секој нормален човек), туку само слики од храна:(
 
Последно уредено:
Ајде Добро утро, вежбам грб и си правам зелен чај моментално :icon_lol:. П. ќе помини денеска да бара услуга од мене што не е за по телефон, ме замисли тоа малку ама, само малку :icon_lol:. Бев и за Аца Лукас и пред крај комшискава легенда се фрли во базен, и четворица од обезбедувањето и еден спасител внимателно следеа како тој кулира и плива грбно, додека овај на бело шо е пееше :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Т. го прашав од кај му се тоа чупината не ги знам не се од тука, чекам одговор во порака :icon_lol:, внимателен сум кога прашувам на таа тема и не сакам да искажам непочит, затоа што шансите се големи да му се фамилија нешто. И на крајот дојдоа три келаи глаи :pos::pos::pos::pos::pos:, братот на К. и другарите негови со имиџот скинерски. Бричени тасма вика сега ќе дојдат три келаи глаи, прашав козметика нешто да не употребуваат шо толку светат, добив одговор се е на природна база :icon_lol:. Страшно изгледавме и никој не не задева, многу алкохол селани и инциденти бре, не кај нас ама околу...

Исто како кангалчето од матадоровци ако страшно изгледаш има да ги плашат децата со тебе :icon_lol:.

Бегаат внуциве од него а тоа виде деца сака да си игра, викам бебе е море не бегајте...

П.С. Т. пиша дека битолчанки биле :icon_lol:.

И еве го кангалчето или азијатски овчар нешто е, една од двете раси :icon_lol:.

DSCN2896.JPG DSCN2897.JPG DSCN2898.JPG

 
Последно уредено:
Драга си нарачав дрес од алиекспрес и го чекав еден месец и сега стаса пред 2 саата и го гледам така страв ми е да го отворам,да не е грешен нешто.
 
Септември. Како ладен флертаџија. Те пушта да се навлажниш, па те суши.
Покажи ми, си велам, животе, што може да собере повеќе празнина - срцето или еден град без душа?

Бродови. Доскочици. 23 години тензија и претензија. Клубови и враќање во иднината. Нешто подоцна, можеме и деца да склепаме. Меѓу рекламите и полувремињата на фудбалските натпревари. Се’ да звучи сочно, да има неколку агли, опции за стопување. Сонувам многу деновиве. Тебе те сонувам, а ти ништо не сонуваш, дури ни на јаве. Денов може да почне и заврши во круг. Со розе чизми, фалафел и книги избрани по случајност. Амбиентот сам си го прави човек. Еве сега и со ноторните будалетинки од мојот свет си замислувам - што ќе беше да имав режисерска палка за убивање штимунг? Ќе раѓам деца во Месечев прав, со ќелави глави и кратери на мешињата. Пливам во себесознание. Мразам кога сум сама, без да имам ниту една грижа. Ништо не те дрма, ништо не те превира. Си постоиш за да дознаеш што повеќе, да се растажиш, да скроиш уште еден план кој ќе падне во вода, во најплиткото.

Драга, имам многу години, а малку време.
Албумов ме вози некаде по Андромеда. Покажи ми се’, ако можеш.

М.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom