Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,
Ако видиш човек кој нарачува десетка со кромид кога е искочен со девојка му на вечера, веднаш сфати дека дефинитивно се во сериозна врска:)
 
АООООООООООООООООООООООООуууууууууууеееее.

Ми недостасуваше ептен!
Без телевизор, без форум, без фејсбук ...исто како во Африка да се наоѓав.
Не можам да се изнаскролам сеа.

Woooooooot.
 
Кој знаел дека филмов се случувал во Македонија :D
4Nb9lv8.gif
 
Унгарската држава ќе им наплаќа по 0,62 долари на корисниците на интернет за секој гигабјат што ќе почнат да го трошат во текот на еден месец. Поради оваа идеја oколу 100.000 Унгарци излегоа на протести вчера вечер низ улиците на Будимпешта со образложение дека новата давачка ќе го ограничи пристапот на интернет и преку тоа ќе ја загрози слободата на изразувањето.

1.jpg

2.jpg

Браво за нив! Така се бори за своите права.

Meanwhile, во Македонија ситуацијата е ОК, се живее нормално, нема бесмислени давачки и даноци, нема невработени, платите растат, пензиите растат....
 
Прееска читам нешто. Учам. Се задлабочив у една тема и така подугачка како шо беше, закони, принципи, постулати, тенџериња, лонци, книшки од чоколади, одлепени плочки што ти знам. И така при крај на темата, за хемија зборам, при крај на темата, после толку со маркеро избоени редови демек битно, важно, демек на колоквиум ќе ми се паѓа, и там на крајо, со црни букви, затемнето, пишале, оваа теорија од таа и таа година не важи за точна и се смета за застарена.
Да ти ебам државата глупа и парно и све!
 
Кеј,

Јас само да те поздравам со песнава.

Неам сила за ништо повише денеска. Сеа ќе се завијам под ќебенце и пуштам шесте стапки под земја се додека не се успијам. Има да спијам до утре со 12 саат, таман да се разбудам, па кафе и одиме фејс то фејс со стравот. Ако не и најголемиот у живото. Бррррр...

Се глеаме драга у некоа поенергична прилика.
 
Јадит комшијата му викаш "Наздравје" ти враќат со "Фала", копат бавчата му викаш "Аирлија работа" ти враќат со "Бујрум"....сите ги помешале брзините....

oryid.gif


:icon_lol:

За добра ноќ (на тие шо си легват во нормално време :))

*Ќе го ставев видеово во спојлер ама незнам како :giggle:
 
Драга...

20141029_234851.jpg

20141029_234913.jpg

... мојот прв текст на Старогрчки. Препис е од текст во книгата, еден вид "домашно", али многу исцрпувачки е. Ко што можеш да видиш, се се базира врз цртички, точки и слично. Има три вида акценти, два видови здив (спиритус) и правила на изговор кога се работи за дифтонзи во однос на нивното акцентирање. Од денеска ги изучувам и петте падежи, како и деклинациите. Разбирам и некои зборови. Додај на тоа дека ова е трето писмо кое го изучувам, не јазик, туку писмо, покрај Кирилицата и Латиницата. Предметот е сериозно тежок и треба многу да му се посвети човек, али надополнува со тоа што е стварно интересно да го учиш, во меѓувреме имајќи во предвид колку само тоа ќе се исплати кога целосно ќе го изучиш и ќе бидеш компетентен, на исто ниво со сите познавачи на јазикот во светот, од наједноставни како мене, до најбрилијантни професори, да преведуваш текстови напишани пред неколку илјади години. Едвај чекам да завршам се и да можам да речам "знам Старогрчки" :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom