Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Поминав низ улицата каде мојот конзумеризам, кој континуирано го тепам, бркам од себе, или го кријам длабоко во мрачните дупки на мојата душа, доаѓа до израз. Домаќинот на клоци ќе ме избрка од дома. Ама, нали, Сусаро нѐ прикажуваше како итри лисици... „Не ги потрошив парите на шминка и облека, туку на покуќнина“, па нека смее нешто да ми рече! А тек па кога ќе му кажам дека најдов поголем стан... И за ова имам идеја, ќе го дотерам станчето, ќе го однесам таму и ќе го служам со јадење и пиење, облечена во френч мејд костим. Да живее феминизмот! :icon_lol:
 
Кајгано!
Денес научив нешто ново. Ги знаеш оние конзервите со јадење за мачки? Епа еден денес ми кажа дека јадењето внатре било месо од мајмуни. Мртов сериозен.
И така.
 
другар ми донесе 22" монитор, да сум го проверел дали се е во ред со него, кај него дома кога ќе го пуштел се познавало линии.
си симнав еден анимиран 1080р , си купив сокче и грицки, има да го тестирам сега едно 2-3 саати :cool:
 
драга неколку пати се мислам да ти писам и никако немам време
во петокот после рабоата искочив со 3 девојки другарка и нејзини другарки окапавме до 3 сабајле а јас цело време сакав да си бегам дома и цело време мислев на таретана и тоа дека не сум бил цела недела WTF is wrong with me и усте ги напинјав побрзо да си идеме да бидам одморен за таретана.....

иначе како по обичај увек ги ставамдругите и нивните потреби на прво место а моите на последно и тоа треба да променам и така драга ај биди ми поздравена
бела нок помина шо помина не е ко другите години се дечурлана низ скопјево или ја сум остарел нешо има
ај биди ми поздравена.....
 
кајганоууу,
шо стана со тазе женетиве матори што почнаа да се впуштаат во швалерација со девојчиња по 15+ години помали од нив? И тоа не почнуваат со муабет "здраво, како си?", него, "кукло, многу си секси на сликава, ух шо би ти праел у живо"!
А би си ја зачешкал главата ако ја ја побарам жена му на фб за една партија "шах".
 
schruns__blick_gegen_zimba.jpg


Некој живее на Алпите, некој у геге до Џипси Кингс. Да ти е..м и работа и сигурност и пари и пријатели и се по списак. Тука му е мајката да се побегне, да ме прогута тишина, да си ги пасам кравите, да си доведам мозокот у стање да ако некој ме праша колку се два и два да му кажам неам поима.
 
Рузмарин! Веч носим на реверууууууу.... :ROFLMAO:
Шо значи реверу? Знаеш ти? Ја поима неам, ме мрзи да гуглам.
У ствари ти беше таа што не слуша српско? Ау, извини рибо. :icon_mrgr:
Ma, ќаооо. :D
 
Драга,

Греотка е што ни прави општествово на нас, жените. Ок сори, девојките и жените. Во глобала, женскиот род.
За греотка се девојчињава со тие бугарските штикли, јас се секирам дека некоја ќе падне, нога ќе си скрши, маме ќе и се расплаче од нив. Едвај да се одело на нив, црвено на семафор пак ќе светне додека ја чекаш да помине. Не е секси, смешно е.
 
Дечки,
Да љубите, и да бидете љубени!
Да се смеете, да се радувате!
Да играте, да пеете!
Да верувате во себе!
Да ми бидете насмеани и весели.
Бог да е со Вас и Вашите најмили!

Се гледаме на улиците, троторите, плоштадите и кафаните,
Се гледаме на пазарите, пољаните, на кејот, во теретаните!
Се гледаме на концертите, кино салите, на трибините...
Дечки, се гледаме...
 
Кајги,
не сум песимист- далеку од тоа, НО, оптимистичка прогноза за македонската младина во македонија(држава без иднина) - искрено, нема. Напрегната атмосфера, манипулирање со народот, разочарани лица, изгубени студенти -кои талкаат низ коридорите кои ги трасираат некоиси министри без конструктивни програми и цели , се врати кај луѓето животинскиот инстинкт за самопреживување и спасување и веќе мнозинството размислува нормално и правилно дела емиграцијата не е повеќе каприц- туку неопходност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom