Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Во Аргентина постои радио станица која емитува програма во живо од една ментална институција во Буенос Аирес, а основниот концепт на станицава се интервјуата со пациентите. Радио станицата всушност се вика „Лудо радио" и секојдневно ја следат 12 милиони луѓе.

Ние немаме такво радио. Кај нас пак доволно е само да го пуштиш телевизорот. Лудо е. Да.
 
ДК
Денес прилично пиев. Удавив многу чаши, али тоа на дното никако да го удавам, како да чува дел од пијачката и ми ја плука во фаца при секоја моја помисла натаму, не иди на тоа место... Алкохол во очи наместо вода, олово во глава наместо душа, среќа не олово од нечиј пиштол, уште полошо од нечиј збор.
 
Јас ли сум заостаната шо се немам омажено?
Јас имам 4 годишна врска и сеуште сум... у врска.
А другиве ги гледам на неколку месеци максимум година се зимаат.

Коа ќе стигне времето јас да се мажам сите со деца ќе бидат изглеа...

И не само тоа, ќе им бидам досадна.
Ех оваа сеа најде да се мажи, коа се мажевме сите кај беше она? Уште у врска...

:нинџ:
 
43552b0718a7c2dc97cb429c51e5688632659af6f11f63ec141e3dc95be4809a.jpg
 
Драга Кајгана ќе извиниш но постов не е посочен кон тебе...

Драги Кајганџии, зар сериозно никој нема слушнато за The Weeknd? :вонзем:
 
Последно уредено:
Драга Кајгана ќе извиниш но постов не е посочен кон тебе...

Драга elleloup, сериозно никој нема слушнато за The Weeknd.
:вонзем:
 
Драга Кајгана ќе извиниш но постов не е посочен кон тебе...

Драгa elleloup сериозно немам слушнато за The Weekend.
:вонзем:
 
ДК
Минута молк за сите „рокери“ што вечерва ќе му отидат на концерт на Аца Лукас.
Познавам такви кои активно свират во рок-бендови. Нечу да ги именувам.:DДа не ги измами само некогаш ѓаолот пред мене да се жалат како на нивни свирки има само по 50 - 100 души, а кај шабаниве по 5.000.
 
Сезоната на чај со јаболка и цимет е официјално отворена. Конечно тоа одвратно топло заврши, дишам мирно, моето годишно време доаѓа, фотељата е наместена кон прозорот, капките дожд кои се сливаат низ стаклото си прават фигури.
Фала му на споениов викенд, инаку тешко дека ќе најдев време да изгледам дел од ремек делата на Федерико Фелини. Е ова е уметност, со оставена трага за генерации и пример за некој кој сака да оди по тој пат.
Мирен и тивок период. Мекнеам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom