Ме утепаа од ѕверење во автобус, особено едно девојче. Ќе види дека ја гледам, ќе го тргне погледот и пак од почеток. Што им е на луѓево?

После кога стигнав во школо, видов дека фармерките сум ги направила лом со паста за заби.

Да, мора цел автобус да дознае, кога јас сум миела заби, ти се плукнам у тоа талентот.

После додека ја извадив засушената паста, мокра си седев.

Најверојатно сум се залепила некако за лавабото, кој ти знае... Треба една скриена камерче да си стаам и да си се смеам на самата себе.

Наместо да имав некој понормален покорисен талент, јас за ова...

Па добро сеа, дај шта даш...