Некој при самото раѓање, најверојатно ми ги отстранил рецепторите за гледање.

Денеска извршив едно вселенско патување.

Цела улетана, уште автобусот вози, јас се брзам прва да излезам, и...

Прво излегување од автобус, се сопнав на искорнета автобуска постојка.

Ќе се утепав, патика ќе си раскинев. Ова ми е вторпат, на истово место и никако да научам дека таму уште има онакво доле.

Овој пат, барем патиката е здрава.
После тоа, на едно девојче скоро ќе и' ја извадев патиката од нога. Се сопнав у неа.

Носеше цвики, не можев да и' го видам убаво одразот на лицето, ама сигурно ме пцуеше у себе. А и кој не би.
После се учукав у ретровизор од паркирано комбе. Све, све... ама да не видиш комбе пред себе, треба да си ептен муле.

После ми се бунат, зошто сум се праела на Тошо, не сум ги гледала... а бре ја у мозокот сум ќора, не ве гледам, како да ви објаснам.
