Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Picture 1461.jpg еве,кому да кажам ако не тебе оти не остана човек на кого да му се повериш,олесниш душа што се вели.
а порано не беше вака бре,порано кога си се знаевме овде и почитувавме,еве Велигден дојде и пројде, црвено јајце нема на кого
да подадеш,мислам онака по комшилук,кого има кого нема,фатил џенем,нема порти,нема маалски чешми,гранапи и голубарници.
Се е отидено у п............м......................................................................................................................................................................................
се некој китајски врати по седум на спрат,везден затворени,со звончиња исклучени, без натписи на вратите ама со тајно окце.
Абре ни во 41 не беше вака, сега не знаеш ни кој е под тебе, ни над тебе, а ни до тебе, како некоја епидемија да има во народов.
Што сакав да ти кажам, денес прошетав малку иако не е дојден МАЈ, ама МАЈЧИНАТА ДУШИЧКА излегла секаде и може да се бере.
Па да топло беше времето,инаку бев во Зелениково над манастирот кај Самовилската вода,велат и лековите била.
А МАЈЧИНАТА ДУШИЧКА е лек за душата,затоа излезете наберетеси, по стариот пат за Велес, Црногорието,Китка,Жеден и т.н.
 
Драга Кајгана
Куде е бе овај Парвати Кумановац Палестинац? Сега видов оту го имат снемано. И не крадете олуци :pos: зш ќе станите анти-рисјани и металци, Лет3 најбудалскиот и најјакиот пост го имаш напишано жими се, за стално.
 
Драга,

Да паѓаа сите на гз од плави очи ко еден член што имаше пишано ... ќе беше too much to handle. :unsure:

Лоша, многу лоша моја карактеристика е што кога ќе симнам филм, вртам да го видам крајот прво. Па после си го гледам. Ретко оставам така, да не знам што се случува. Исто, и книга кога читам, читам прво 50 страни, после си развртувам и пак стигнувам до крајот. Сношти листав една до 5 саат сабајле, знам како завршува сега и мирна сум си. :D
Главниот лик, кога си читам, во глава го замислувам Ралф Мачио. Не сега на 50 години, ами каков беше во Карате кид. И не знам зошто, оти ич не ми се склопува со другото на ликот - полн со тетоважи и лузни. Како таа фаца во Карате кид да ја спојам со тетоважи и лузни? Не ми оди ич. Мозокот ме заебава мене. :confused:

Април, мај, јуни, јули, август, септември. Може и октомври, ајде.
Јас тогаш живеам и уживам. Овие 5-6 месеци сум си среќна и задоволна внатрешно.
Од октомври до март ... Тешко време за мене.
 
Уште малку ми остана, да дојадам сè што останало од празнициве... И утре со мирна глава да си се вратам на диетите.
Да не ми биде криво после, во случај некој друг да изеде нешто што немам пробано, нема смисла. :icon_lol:
 
.луѓе....@COOL@....каде е, дали знае некој
ил е во таа голема Русија,отиден за Велигденов, ил е во манастирите на Света Гора, трето нема,
и кај бива Велигден,без @Cool @...та Кајгана без @Cool@ ...па и утрешнината без@Cool@...
 
Одев в продавница и не заприметив дека во близина беше врзан со синџирче за пинч, на ограда питбулот од комшшите, врнеше јбг. На идење од продавница во рацете со салами, кашкавали и паштети, само што го здогледав во рок од неколку секунди, најбрзо што можи си замислив што би можело да се случи доколку тргни накај мене..

1. Да му фрлам кашкавалите и саламите, нека јади, па јас да бегам. (фала богу една паштета ќе си остаев за мене, гладен бев)

2. Да се борам... овај де трчам/бегам до порта до кај мене, па доколку ме изееше и мене, храбро сум загинал. :cool:


Ебаму хоштаплерите, се остава така питбул бре! :mad:
 
Сега за Велигденскиве празници, како што е адетот се оди на гробишта, така бев и јас сабајлево. И она што најмногу ме нервира е што некои луѓе одењето на гробишта го сваќаат како одење на свадба. Земале викаат на цел глас, локаат ракија, се смеат... а нормално доле на гробовите јадења, абе од пиле млеко ќе најдеш. Толку ли не се научи народов дека на гробишта треба да се однесуваш пристојно, дека тука ти починал некој што ти значел во животот, а не да се однесуваш како тинејџери отидени на концерт на Аца Лукас. Башка тоа и циганите кои патролираат низ гробовите, си ги понеле и своите деца со ранчињата, и бутај им храна внатре. Кај ти доаѓаат на гроб, и ти честитаат празник (нормално потоа ќе им дадеш нешто за душа), па додека да се свртиш, ќе ти го земат и она малце јадење што си го оставил на гробот... Страшно :(
 
.луѓе....@COOL@....каде е, дали знае некој
ил е во таа голема Русија,отиден за Велигденов, ил е во манастирите на Света Гора, трето нема,
и кај бива Велигден,без @Cool @...та Кајгана без @Cool@ ...па и утрешнината без@Cool@...
ааааааахххааааааааааа а бе Анчо, слатко си ме изнасмеал (y)
еве ме братче, се вратив со поооолнииииии батерии - а не бев ни на едно од тие наведени места -
бев брале во Шведска, и успат некои други држави и добри две недели уживав . Многу ми беше потребен ваков одмор да не речам зимски , ај нек биде пролетен - психички се одморив од се’. Феноменално си поминав ...а од утре стартувам повторно со работа Иако и до сега беше така, сепак решив поинтензивно да учествувам во сопствениот живот . ;)
Ти Анчо како си?
а попат и ти Кајги?
 
ааааааахххааааааааааа а бе Анчо, слатко си ме изнасмеал (y)
еве ме братче, се вратив со поооолнииииии батерии - а не бев ни на едно од тие наведени места -
бев брале во Шведска, и успат некои други држави и добри две недели уживав . Многу ми беше потребен ваков одмор да не речам зимски , ај нек биде пролетен - психички се одморив од се’. Феноменално си поминав ...а од утре стартувам повторно со работа Иако и до сега беше така, сепак решив поинтензивно да учествувам во сопствениот живот . ;)
Ти Анчо како си?
а попат и ти Кајги?
Еј, се врати
таман на време,да скршиш некое јајце, овде вапцано, а таму фарбат ли јајца, ај да не прашам и друго,
фала,добро сме а еве и Кајги ќе те остави и без спиење има и нов КФВ,па читај а јас пак не можам ни да го отворам.
 
Драга, тајна вечера е кога си на диета, и јадеш доцна во ноќта осветлен од светлината на фрижидерот.
Батали тоа.......утре на работа, прва смена. Нема да ми се станува од кревет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom