Драга,
1. Христос воскресе!
2. Се изнаслушав кенкања од сите за тој прстот што ви го поцрвениле. Па мајка му, сега и лев палец. Не идете на гласање бе, толку ли е тешко. Проблеми, ќутииии.
3. Вчера ја гледав датата повеќе пати, и нели 19ти, и на секое си викав, и уствари ми текна дека секогаш кога ќе видам бројка 19, си викам во себе - супер глупиот број 19. Игор Џамбазов имал некое влијание врз мојот живот, јебига.
4. Денес е Велигден, и на баба ми 68ми роденден! Искрено, повеќе второво ми е битно. За некој ден е 1ви. На 3ти баба ми и дедо ми ќе слават 50годишнина, ејјјј!!! На 5ти е мојот роденден, на 10ти му е роденден на либето. Измеѓу полагам и 2-3 предмета, али тоа не е битно, многу ме радуваат дативе!!!
5. Кој не си ги сака и почитува баба му и дедо му, за мене е најтежок ропак. Вчера си се изнамуабетив за сите пари со нив, ми креваат расположение ко никој, ко први другарчиња ми се. Обожавам да ги слушам нивните дешавки од пред 50-60 години, и како се караат за некои ситници - ти не знаеш, јас знам.
6. Доста е, ај.