http://www.youtube.com/watch?v=S-N9FIdydqs
Мојте дни тажни се,тажен сум и јас
ме бутка до ѕидот да го дадам својот глас
а животот е пекол,без пари а со бистар ум
оазата на мирот за мене е пандемониум
И морето да е мастило а небото хартија,нема да можам да ја опишам целата гомнарија
Пишувам САФ енциклопедија,прв том,втора глава,
пред да почнам пушти вода за да отидат гомната
интелектот е бедуин во оазата на мирот
се борам за гол живот,а ме буткаат во вирот
роди ме мајко среќен,па фрли ме на буниште
се отвори пандорината кутија,и излезе чудовиште
ми ги лапна сите сништа,само надежта ми остана
ме води инстинктот кој ме тера да опстанам
животот ми е пекол,па како да се кренам
имам само бистар ум,вежбам ментална хигиена
немам дедо владика,и сум генетски отпадок
можност немам да се изразам,во опциите краток,
кратки и се нозете на лагата,но сепак сите лажат
истата приказна и на вас ќе ви ја раскажат.
Не умирај магаре од зелена трева,ќути и трпи,
гледаш те тераат гзот да го натртиш
ифрустриран како ретардиран,ментално
јак како Бардовци,психолошки сублимиран,
мајка ми ме вика џаболебар па збеснав
канаринец во кафез,а прашуваш зошто тажна песна
господар или слуга,а можам ли да бирам,
околу мене продадени гзови и уши под кирија
па кој е крив?Дали кулата во Пиза ме одржува во живот?
Стиховниот експертизам,сакам да емигрирам,дај ми орелски крилја!
Слободен сум само во мојата астрална проекција,
на крстопатот во животот треба да откријам кој сум?
Сам сум,и како младоста тажен сум.....
Реф:x2
Па што и да било истекува мастилото,
оти хартијата го трпи и она што не е мило.
Останувам на позиција на затвор
зашто светот е многу мал кога не се смее надвор.
Уште имам желба да знам до каде човекот стигнал
зошто електронот мрда,зошто Dow Jones рипнал,
но не се стига далеку кога мора да се јаде
мора да се крие нервоза кога некој краде
и да се гуши гневот кога од кастите си газен,
па дали ќе има борба кога знам дека сум тажен.
па сега Hobbes кај ти е договорот,
одговорот го нема ни од тебе,ни од другите во логорот,
па џабе талентот и трудот кога мајките не раѓаат за да не фрлаат на патот.
И таа трошка надеж ако ја има,ќе ја клукнат
гулабите од Paris,па потоа ќе ја плукнат,
и сега само знам дека нервите ќе пукнат,поарно
чергар во London место да ме ебат тука.
И после ова,ју-рокери,позер,локални богаташи ќе кажат дај не сери
пошто ќе мислат дека мислам само на пари,
па ќе паднат цел куп чисто злобни коментари:
,,Опаа сега ќе го пушиш на американци''
ама џабе 500 години кога сам си ставаш ланци!!!!