Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Од сабајле дожд,снег,студено време а сега пука сонце.....да тибам времето
 
d
zblizi ja so tvojot clen oti greota e gi izligavi site temi odamna nema zanimacija


tuka odamna vrne
 
Одиш накај суд.
Фацата ти е како да те исфрлил бран на некој остров.
Како чекориш кон сивата зграда Скопје ти станува меланхоличен сивоград.
Од суеверие влагаш со десна нога на врата.
Судскиот полицаец те поздравува со насмевка, а ти го гледаш како да сака да ти одгриза вратна жила.
Се качуваш по скалите, срцето ти чука забрзано.
Минуваш низ ходникот како низ калеидоскоп.
Те повикува записничарката, влегувате.
Загризуваш со забите, земаш воздух и го испушташ, си мислиш излегува од тебе цел живот.
Почнува, ти даваат збор, тече и завршува како што треба.
Излегуваш со насмевка како на Дин Мартин.
Ходникот одеднаш изгледа како Tunnel of Love.
Скалите се некако лесни. Како да газиш по облаци.

Фацката на полицаецот е како да се сретнал со омилениот играч од својот фудбалски тим. Го поздравуваш и му посакуваш убав викенд.
Сивата зграда одеднаш изгледа како виножито.
Скопје ти делува како пост на Форест и Медеа. Полн со среќа, љубов и оптимизам.
Палиш цигара по пат, се вртиш назад и си викаш во себе: Победа, победа, победа!
 
Последно уредено:
Го обожавам ова време од годината. Да се надеваме дека дождот ќе остане вака до викендот.

hSNXl5w.jpg
 
Драга Кајгана,
Што му стана на времево....... смрзнав :coffee:
 
The awkward moment кога седиш сам, и буљаш у ѕид, и одеднаш почнуваш да филозофираш и да мислиш дека си најдголемиот и најнадарениот филозоф и си го поставуваш прашањето - Што е животот?!
Дали сето ова е вистина или се е само сон!?
Кое е всушност човечево што седи позади компјутер!?
Се кладам на секои 5 мин го мислиш тоа...кој всушност го мисли и пишува ова?

И замисли си така си седиш и упорно буљаш и наеднаш се гледаш себеси како ти си канделабра у сокак, и све ти е така матно од замаглените стакленца што се кондензитаат на топло одвнатре, а ладно надвор, и ги гледаш како си поминуваат луѓето, кои за рака заљубени, кои подрака остарени, кои насмеани и среќни, кои тажни и истоштени, али сепак никој не те забележува сите си врват и не ти ја сфаќаат добрината која им ја правиш, и кога од онака ќе ти ќеифне и ќе се исклучиш и сите тие матни фаци ќе ја кренат главата и ќе те погледнат дирекно во очи, мрчејки и колнејки, зашто ти проклета канделабро не светиш...???
Се прашуваш?
Се прашувам и јас...И драга не е тоа револуција, ниту наивност тоа ти е борба за пуста еднаквост марш на изманипулирани неписмени анонимуси, крвава борба за превласт на идиокритетот. Драга воспеваме политички идеолози, кичерајство, се праиме ретардирани, а бараме афирмација во светот....Како?

Драга моја просекот стана, одличен успех...It's scary... И сеа ќе се кренат патриотите и ќе ме наречат медиокрет, затоа што плукам по своето, али ова они што викаат дека е на народот, никогаш не било мое.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom