The awkward moment кога седиш сам, и буљаш у ѕид, и одеднаш почнуваш да филозофираш и да мислиш дека си најдголемиот и најнадарениот филозоф и си го поставуваш прашањето - Што е животот?!
Дали сето ова е вистина или се е само сон!?
Кое е всушност човечево што седи позади компјутер!?
Се кладам на секои 5 мин го мислиш тоа...кој всушност го мисли и пишува ова?
И замисли си така си седиш и упорно буљаш и наеднаш се гледаш себеси како ти си канделабра у сокак, и све ти е така матно од замаглените стакленца што се кондензитаат на топло одвнатре, а ладно надвор, и ги гледаш како си поминуваат луѓето, кои за рака заљубени, кои подрака остарени, кои насмеани и среќни, кои тажни и истоштени, али сепак никој не те забележува сите си врват и не ти ја сфаќаат добрината која им ја правиш, и кога од онака ќе ти ќеифне и ќе се исклучиш и сите тие матни фаци ќе ја кренат главата и ќе те погледнат дирекно во очи, мрчејки и колнејки, зашто ти проклета канделабро не светиш...???
Се прашуваш?
Се прашувам и јас...И драга не е тоа револуција, ниту наивност тоа ти е борба за пуста еднаквост марш на изманипулирани неписмени анонимуси, крвава борба за превласт на идиокритетот. Драга воспеваме политички идеолози, кичерајство, се праиме ретардирани, а бараме афирмација во светот....Како?
Драга моја просекот стана, одличен успех...It's scary... И сеа ќе се кренат патриотите и ќе ме наречат медиокрет, затоа што плукам по своето, али ова они што викаат дека е на народот, никогаш не било мое.