Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Колку одлепен братучед имам тоа е чудо нешто :pos: Можам да замислам колку и било забавно на девојкава што била на дејт со него :ROFLMAO: Прибери се бе малце ѕверуууууууу
 
Преполн фејсбук од луѓе со недостаток на основна интерпункција ама затоа партијата на која биле, цитирам, "фанови", победи и сите други, цитирам, "хејтери...можеле да го п*шат". Ако, ако, така за овој народ, патња само.
Потешко за спиење вечерва од сите... роми... кои моментално преку улица си слават, пукаат, а еден од нив од сета таа победничка еуфорија го прободе со метална шипка уличното куче кое чат-пат го гледав додека одев на факултет, а не му давав голем животен рок заради гореспоменатото племе. Битно тие си победија, животот нареден.
 
Јадам многу гомна у држава во која тоа не е баш пожелно.
Се потресувам а неам никаков личен финансиски или „унапредувачки“ бенефит од овие моменталниве работи (знаеш кои).
Се нервирам за џабе, кога и самиот знам каква е ситуацијава.
Се обидувам секогаш да се убедам себеси дека идеалот кој го имам за државава е неостварлив, и се убедувам, ама пак лесно се разочарувам.
Веќе звучам и ко Лешоски со „анафора“ реченициве. Ми треба паралелен универзум, пошто - YOLO!
 
Абеее озбилно овие Mogwai парче праење..
Инаку моментално се наоѓаме во спирално паралелен универзум каде мојата соба наликува на соба на некој лик - потстанар од книгите на Достоевски, а надвор си се нормални 5мин. до 14 Април и точно 14 денови до моето интервју. Се осеќам како tenant на Полански, ме тепа параноја од тишината.
 
Ако си го средам хаосот во мислите и животот, ќе си ја изгубам душата. А душата моја обожава да си тера сопствени правдини и да носи сопствени одлуки, додека мозокот вика: Oh, no, not again. Али си танцувам низ животот, така, секогаш е весело. Хаотично секогаш до крајни граници, али весело и шарено.:pipi:
 
Драга,
Дефинитивно Април не е мој месец.... колку лош период, никогаш ми се немало вакво нешто десено.
Само нека пројде..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
ДК
Мене едино ме чуди како не беа маркериве со црвена боја, туку баш со плава :confused:
 
Во контекст на муабетов, мило ми е што не сум еден од „обележаните“ и сум еден од 913.022 останати.
 
Кајганче!
I'm fucking scared. Ете, признавам.
Што е уште пострашно, не се плашам само од едно нешто. Се плашам дека од тој момент, амбициите ми изгубија боја, желбите се смалија, а целта за моето реализирање ќе остане недовршена. Се плашам дека ќе го изгубам моето јас некаде во тишината и нема да успеам да го пронајдам, ќе останам во мракот. Пробувам да се потпрам на поддршката која ми се пружа, но психава не попушта и сака да ме дотепа.
Тука сум или се изгубив негде по пат во таа паника и неподготвеност? Луѓето околу мене се сменија или јас се сменив? Дали јас ги разочарувам или тие мене? Ја бараат бебуш, а кога ќе дојдат до истата замолкнуваат и демек не ја препознаваат. Што да им кажам, како да им објаснам?
Си недостигам. Треба да се опраам и јас, јасно ми е. И ќе, само вољата да си ја најдам и некој успат ќотек да ми удри.
 
Последно уредено:
Др Кај

Денеска колку сум хиперактивен, луд, збркан, фељ ме фаќа, нервоза ме тепа. Да имаше некој тегови да подигам убаво ќе беше, ама немаше шо и се издушив на колата, сакам оште.
 
Драга
WES - ALANE кој хит ни беше на времето, кажи.
Пуштив едно двд цд потпишано 01.All Kind и на него сварно свашта има, али се некој јаки песнички 1000и кусур и ниту една не ѐ во посебен фолдер. Shuffle и everything goes down memory lane.
Ех колку добра музика имаше порано кога растев, сега сѐ е двонеделна музика, слушаш интересна е и после две недели ја нема, толку и била славата.
Ејј сум трчал у југотон (или еми беше) да го земам новиот албум на Spice Girls, комедии.
А памтам прво цд у кариера ми беше Џорџе Балашевиќ, го купивме цд плеерот некаде 95-6та и ај кое цд да се купи прво - тогаш хит ми беше Мирка, ја имав на касета од радио снимана и мораше тоа цд да биде. Абе радосии. Ехх времиња....

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom