Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ау колата како ми ја средиле, врв, бонус средиле и да трга како Масерати :vozbud: back on the streets :cool:

што ќе ти кажев друго, се надевам дека за една година наааајкасно ќе бидам дипл. ел. инг. Ilumious иако голема мрза ме има фатено за учење и тоа баш сега кога немам веќе испити со дрнкање дигитрони и по решавање на три тетратки.

утре ќе одам да давам крв само не сум сигурна дали ќе ме остават зошто бев болна ама ваков хемоглобин кога ќе најдат да ми пишат. Ај чао сега идам да фатам книга, се решив.

туку уште нешто што ќе речев, нека ти се пофали @Божино за првиот дупли шо го најде :vozbud: that's called First Blood, welcome to the club. Да ги пофалам и јас со бубамарата, го скоцкаа подфорумот (y)
и да, престанете да се расправашувате и досаѓате по други за зошто веќе некој не е на форумов или решил да си замине. None of your business. Стеници.

Гуднајт.
 
Последно уредено:
Кајгано,
мислам дека после сите перипетии редно време беше да ми се оствари желбата
Добив покана за Modem Fest на Плитвице, oд таму одам на Boom , па Гоа па здравје боже и Непал да го видам конечно.
Сфатив дека како скитник се живее подобро, зошто рано ми е да се врзам што би рекол мартин вуќиќ.
Него да не го тупам, ме чекаат јапанките со свилени гаќички :LOL: Оваа е годината, знаев уште од првата минута во 12.
Си ја бејб

1891257_593026987450171_1924151564_n.jpg
 
Драга,

Колешката моја денес дојде подновена и горда! Целата затегната, мазна кожа, прекрасна полна усна, очи истакнати!!! Или барем она така се замишља...уствари подуена во образите, устата ко патка, трајна шминка џипси стајл...зошто... :(
 
Колкав пат ми требаше за да се оттргне тоа од мене ни самиот не бев свесен, и не го гледам тоа како бегање туку како нешто низ што морав да поминам.

И кога ќе се запрашам дали заслужувам да бидам среќен, и одма мисловниот механизам ми укажува како тоа не може така поради некакви причини, јас го сменив аголот на гледање и оставам мислите сами од себе да си брчат и ништо не значат и во тој момент осознав дека немаат никакво влијание врз мене :icon_lol:.

 
Во врска со постот на @коцка
Годините и пресметале затезна камата. :icon_mrgr:
 
Неколку кратки задоволства наречени секојдневие:
- мешање мед во чашата чај, обично од липа или оној божјион, со еукалиптус, портокал и сушен хибискус
- будење додека ролетната остава точкички радост на мебелот.
- појадок крај кревет, во кревет трошки правиме. Зденка и димено говедско, директ од Нант.

Вака... Збунета сум ти, но тука си. Меурчињата од пиво се полнат со нашите насмевки и погледи. Не знам што е следно, знам само дека точаците треба да се јавнат и со нив да се освои некоја нова малечка планета. Како да ќе и однесеме на самиот врв од нашите мисли. Па таму зенување и чај.
Сите се женат/мажат. Мене уште ми се чита Хармс на глас среде хаустори низ градов. Бебиња нагло се раѓаат. Паѓам, ко притисок после лукче.
Само ми се мислеше нешто, обично.
Некоја ролна розов шеќер во парк, нешто такво. Да ми се размрда нешто под срцево, како гуштерче во трева.
Мр мр мр мр.
И да се појавиме ние, нови. Некако...
Збунета сум, но тука си.
Да останеме така.
М.
 
До толку замрзнав со мозоков прееска, шо морав да и ѕвонам на мајка ми да ми кажи пред колку години ме родила.
Grandad.gif
 
Драга,

Неам време за ништо. Учење, да учам по 24 саати на ден нема да стигнам. Здравјето ми е пак у пм одено.
Автоматски, периодов те кратам тебе.
Можда кога ќе се вратам ќе си се задржам на тој забавниот дел од форумов, знаеш музика, филмчиња и серии, зашто имаш многу морони на форумов, неиживеани или недозреани/неостварени шовинисти, кои во реалност (кога не се јаки на тастатура!) нема да имаат храброст да те погледнат, камоли нешто друго да направат.
Ај остани ми со здравје. Т.е коа јас го неам, ни тебе не ти го посакувам. Бар не ти глумам јас финоќа кај што ја неам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom