Драга,
Ќе спиев, али почнаа некои работи да ме гризат, а тоа значи нема спиење веднаш. Или уште една чаша млеко.
Научив со тек на време да си ја контролирам паранојата што ме фаќаше кога бев сама дома, некако се намалија и кошмарите кои ги сонував и рипав од кревет од нив, барем сега помалце секири сонувам. Не можам да го победам уште стравот од темнина, мислам дека нема никогаш ни да се случи тоа.
Гледам дека си ги контролирам емоциите пополека, барем оние добрите и убавите, се трудам да сум рамнодушна повеќе од порано, а тие негативните си ги оставам и понатака да извираат од мене. Така е полесно, подобро е и порационално.
Не плачам веќе ни во ПМС.
Така е некое време веќе, не плачам ич, само во последниве месец дена, плачев 2 пати и тоа во чуден момент. Не знаев зошто плачам првиот пат, веќе вториот јасно ми стана. Плачам зошто тогаш не можам да ги задржам емоциите, тие што ги игнорирам упорно и тие што не сакам да ме воведат пак во игра во која јас не ги држам сите конци во раце, во која не зависи се од мене. Плачам зошто тогаш сум свесна дека тоа што го мислам, што го кажувам (не секогаш), и што го осеќам е вистина. Ваљда тоа ме плаши, или пак ме прави ранлива, или едноставно не ме прави само своја, а јас сум себична особа. И за мои, и за туѓи чувства кои ми припаѓаат мене.
Искрена сум, плачам. Онака, плачам од ќеф, убаво. Не плачам зошто филмот или песната ме растажила, туку си плачам само од мои емоции. Супер плачење, жими се. А и малце се насмевнувам на сред плачење.
Предобро чувство.
Не ми е страв мене да се коцкам, не сум нешто аверзична кон ризик, бар не во последно време.
Јас ќе сум црвено, тој ќе биде црно.
Која е ебаната веројатност да излезе зеленото?