Го знајш онај момент-Леле ништо не знам леле ништо не знам ?
И јас го знаев пред 3 години негде. Сега моментот е само-Ништо не знам.(стандарт)
Во 5 и 43 минути ,,легнав". Во 7 и 30 станав. Мавнав едно нескафе, демек да се расонам оти се преспав ти текнува, цел сатипол, ако земам во предвид дека во мигот кога легнав во 43-ката во умов ми брчеа 300-та договори, за застапување, за ваков превоз со воФче, за превоз на стока со количе, па со авионче(ова ми падна).
Допофторив 50 страни(од кои шо ништо не ми падна, да знаев че спијав барем до 8:30) и кинисав. И влегувам(по обичај блокиран пецто) и ги слушам прашањава, и почнав да дробам. 4 прашања од по 10 страни за раскажување, то се 40 страни, од кои 30 да ги знаев, од кои 20 да ги опфатив, од кои ракава ми попадна оти е сат време.
И си викам со умов, сега че спијам. Во вакви сати спиењето е убајна, ко најубо вино од бочва, ко најуба лубеница во лето, ко Alan Wake шо не можам да ја играм на компјутер и ја гледав на јутуб, ко Барселона ко че го скапи Реал, абе ко многу работи, и пак поубо од сите нив заедно.
А да, вака еднаш ни рече професоро. Читаш еднаш, мислиш дека се знајш. Читаш два пати, мислиш дека знајш, ама нешто не знајш. Читаш три пати, мислиш дека ништо не знајш. Е тогаш ко че мислиш дека ништо не знајш си научил. Па зато и јас го исфрлив то ,,Леле" од погоре, да се пофилмам онака. Инаку професорот ептен е закон, позакон нема. Да беше максимално убав уставО че речев устав, ама малку глуп ни е уставов со оние додавки надавки за заеднички живот, ланчање на мадлаците на ,,оние" и шуш буш глупости. Абе долг дојде постов...ај ом да спијам. ......зззззззззззззззз.....(демек грчам)