Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
денес моиве ко веган ме третираат :( се растително зготвиле не е фер ова :sick:, уште скоро недела дена малтретирање со храната, па и празнициве што следат...
Дефинитивно имам скриени таленти, да успееш да заспиеш на телефон, непокриен на ова ладно време треба да си....МајМуН дефинитивно :) бруки невидени :LOL: се смеам цел ден кога помислувам на ова :)
Математиката е гимнастика за умот и ножица за нервите :) ова диференцијалните равенки магични се дефинитивно :D
 
Мила

Дојде и време оган да се пали, за негде помалце од 20 саати, меѓутоа јас одамна престанав да му се радувам и на огнот и на коледе, и на божик и на мојот роденден, престанав да му се радувам и на празник и на делник, престанав да му се радувам и на одморот, зошто одмор ми е цела година, за дедо мраз воопшто да не зборам. Затоа викаат убаво ми беше кога бев дете, зошто со секоја измината година, нашите желби растат, амбициите уште побрзо, а можностите, за можностите ќе се прашаме. Кога си дете, твојата среќа може да ја собере во торбата на дедо мраз, во едно пакетче, може да ја собере во една играчка, па дури и во лижавче и мастика :D Додуша и сега среќата може да ја собере во мастика, али во онаа течната, ако ме разбирате :icon_lol:
Затоа ќе речам, мали, сеа коа си голем, сигурно се каеш за песнава што си ја пеел:
:D
 
Омилениот пиштол на многумина од нас.

Ме фати носталгија да тепам тоа чавките и песот кој не се тепаше а правеше Ав Ав.

nintendo-zapper_7.jpg
 
Мракот по папучи, го скротува Месечко од насукување.
Скаменет мамут си, кого ни расолница не знае да го спелува.
Залистоците се жедни, пука фасадата по сите шавови.

Најлонот манифестира торзо, додека ги стерилизираш обландите на животот.
Ракописот го фрли пешкирот, мермерот е само наквасен со солзи бетон.
Болката без кацига, ти ја учи анатомијата наизуст.

Тенот е без џимиринки, лакомо голташ од амброзивните јадови.
Здивот со таксиметар, те вози без ритмичен апдејт.
Очите одамна не се пар. Препарирани ѕвезди.

Зошто?

Зошто татко?

Зошто мораше да одлеташ?

„Зошто кога најмногу ми требаше?"

Животот дефинитивно се дели на - пред и по смртта на некој близок.:place:

 
Драга Кајгана, цркнувам од смеење секогаш кога ќе ја видам сликата...
axl-rose-then-and-now.jpg

W.Axl Rose THEN AND NOW

На втората слика е како свинче некое...

By the way, роденден ми е денес!
 
Слушај да ти кажам... Полагав втор колоквиум пред некое време по да речеме најтешкиот предмет кај мене, искачам презадоволен ќе сум го утепал колоквиумот, веќе у глава положен, доаѓаат резултати ја мизерни 7 бода што е еднакво на - пишал нешто :D

Што е најлошо после тоа мајка ми онака лабавко ми кажува како професорката што ми е и е многу добра другарка дури и ко мал сум бил кај неа дома, па така и мини историја за неа ми кажа и така... :нинџ:

Ама ја поштен нејќу врски.
 
Ќе речете ради сите женски во видеово, но не, највише неможам да му се изнагледам ради една, Ри :pipi:

She is so DIAMOND
 
Picture 1215.jpg утре во мугрите очекувајте гости да ви запеат пред врата,
а богами и заѕвонат, или затропаат,само немој да се изненадите и со овој додаток.
значи помина времето на ореви,костени и шарени бомбони-и децата увидоа дека
ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ - коледе леде - КОЛЕДЕ
 
Кајганче!
Го обожавам периодов, ги обожавам Божиќниве празници и традициите поврзани со нив, ми го топлат срцето.
Штета што вечерашнава ќе морам да ја скокнам, факт е дека не можеш секогаш сам да ги наредиш коцките :unsure: .
 
ДК

Чудно е ко ќе сфатиш дека си среќен на сите полиња. Уште почудно е што ретко кој знае какво е чувството и не те разбира.
Ама убаво е. Се осеќаш исполнето. Што од храна, што од убави емоции, пошо нели празнициве за тоа се. Да не' потсетат дека не сме сами.

Г
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom