Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
чувството кога ти се пушта бившата одоколу :coffee:
3c0c47c19aafd222c816669a3eaad3d58424753a315a970f5f02836b80f6ceac.jpg
 
Се губам знам, ти неам пишано одамна ама пратам што се дешава тука. Него не ми беше тоа муабетот, дојдов само да ти споделам едно наше песниште. Можда не сум у тренд да слушам глупости од типот Рајана и не знам други комерцијални ствари али песнава е премоќна. Знам дека од патриотизам нема леб и од удирање во гради ама не можам да замислам низ се што поминале нашите предци за да ние уништуваме тоа што со крв,солзи и пот е направено за нас.


Уживај, јас не можам да престанам да ја слушам цел ден.
 
D

притисокот се намали овие неколку денови,ама сеа пак ќе се напнам гарант иде опасен период кај шо треба да се наместат боите исто на сите страни од рубиковата коцка,оти ќе ја фрлам цела коцка.
ми треба таа комфортна зона малце на подолг период,мир и тишина и се шо ти треба да е тука,сигурно и знајш дека ќе биде тука.....АМА......


when you get what you want but not what you need период :confused:
 
кајги, спомени и флешови од некои минати времиња... уживај...

за последната знам оти за прв пат ја слушнав преземајки ја од порталот на кајгана 2006 година... @Acid, се секаваш кога ја имаше ставено на страната? :)
 
bruka i sram za ovoj forum. Coek da ne smee da se izrazi slobodno. Katastrofa. Posle zasto vo makedonija nema sloboda na mislenjeto i pecatot.
 
Драга,

најдов доволно време и сила да го напишам ова што сакаш да го искажам веќе овие денови. Ужасно сум болен и само лежам и лежам. Колку е мизерно кога сам се лекуваш и галиш по челото и да си шептиш.."се ќе биде во ред". Знам дека звучи лудо и смешно но оние кои ме разбираат ќе пролеат и солза дури на ова што го кажав; ќе ја осетат таа болка, тој филинг. Не јадев и не спијав со денови и ноќи, ослабев и ми опадна имунитетот, а со тоа си надробив и болест... Сеа само лежам и размислувам за подобри денови. Многу вечери бладам и сонувам чудни соништа, али ќе помине, одам на подобро..

Пред да добијам разбирање за овој пост, би сакал да упатам порака до сите оние кои се вљубени и размислувате за доброто на вашата љубов или можеби за она што ве тера да се оддалечите од саканата личност ради други ситни и глупави работи. Би сакал да го пуштите на PLAY овој прекрасен текст, а одкако ќе заврши да го/ја зграпчите него/нејзе и да и дадете еден прекрасен секс со кој ќе го памти вечно. Да легнете покрај неа и да уживате во неа. Да ја милувате и да заспиете заедно. Верувајте има толку многу работи што ќе ве направат среќни отколку беспотребни глупости.

https://soundcloud.com/darko-lesosk...dcloud&utm_campaign=share&utm_medium=facebook

Добра ноќ на сите,
чувајте се!
 
Драга,

Еве го и декември со неговата извештачена предновогодишна еуфорија. Почнаа луѓево веќе да планираат каде, како, што, колку, со кој, а мене уште не ми е јасно како толку брзо мина годинава.
Не ми е јасно ни зашто уште во ноември почнав да гледам украсени елки, ама јбг тоа е.
И не, не сум хејтер на месецов и на новогодишната атмосфера. Напротив, уживам во украсувањето на домот и елката, го обожавам звукот на снегот кој крцка под моите чекори, ги обожавам долгите ноќи осветлени од разнобојни светилки и снегулките кои паѓаат на мојата коса... ги обожавам дури и петардите и огнометите кои често не ме оставаат да спијам. И, иако ми е срам да признаам, секогаш се разнежнувам кога ќе сретнам некој Дедо Мраз низ трговските центри :pipi: . Но сепак, не можам да ја сфатам оваа пластична вештачка еуфорија која секоја година зафаќа се поголеми размери. Ме чуди и фактот што луѓето се спремни да потрошат цела една (или дури и повеќе) плата само за таа една вечер. И тоа не затоа што нешто им значи Новата година како таква, туку затоа што сакаат да бидат видени, затоа што треба на фб да се пофалат со фотки од некој елитен ресторан во или надвор од државата, облечени во екстремно скапи парчиња купени специјално за таа пригода. Океј е ако можеш да си го дозволиш тоа. Ама да фрлиш едно мало богатство за неколкучасовна забава, а потоа цел месец да се трудиш да сврзеш крај со крај... тоа е крајно неодговорно.
А не беше толку одамна времето кога многу побитно беше да се собере друштвото, најчесто во нечија куќа или викендичка и да се направи журка за паметење. И сликите не се ставаа на интернет, туку во домашните албуми, кои и ден денес со задоволство ги листам секогаш кога имам желба да се потсетам на некое друго време. Време толку блиско, а сепак далечно. А млада сум Кајги, не е нормално уште на овие години да плачам по минатото. Ама тоа е.

И пред да почне да се поставуваа прашањето „Каде за Нова година?“ јас да си кажам:
Оваа година ќе ја дочекам дома пред компјутер. Новата година можам да си ја одложам за некој друг ден, за промена на корисничко име не се укажува друга прилика. :vozbud:
 
Му кажав дека мразам рози и ќе добијам рози од сланина ама изгледа нема да можам да ги изедам зошто ќе имам грозје за берење на врбине. :noze:
 
Доројутро Кајганооооо!!!

Панта реј беше?
Интересно е тој што тија што наише ми мрсесфа за дијалект и лајкнуесфа постови куде што ја сам опишан како забеготњак и неинтересан, ск ми лајкнуеф постови како навиени : )))
Али невермајнд, ама не од Нирвану,не е битно какфа особа си, не е битно како се облекуваш, битно е какфа особа си hhh
Ичера сам бија у игротеку на брдеј бе, па што, па ујко ли сам што ли сам : ) Имаше ракија, а и мноо сок, мноо мамина пудра,а и мноо детски насмефки : )
Ееее тој е најбитно, да се смееф деца.Али невероватно нешто е тој што три пута пресоблачаф едно дете, а оно трчи поише од некога профи сокер играча.
Иам и нову колешку на работу,нема да смо у исту смену(јес)
Да не гу оговарам Кајгано али фаца бразда али тело мазда.
И да, забраи да ти кажу, мноо га мрзу онј муабет кд се глеаш у огледало и некој пројде и ти вика "Убаф си убаф..."
boksufacu.jpg
 
Јајце на око.
Барав хаке, немаше нигде на крај си сплетов си го дотерав.
Така да знаеш. Ај пријатно!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom