Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,

Што ми требаше вчера да ти се фалам оти парно ни пуштија ептен малку. Дал некој од топлификација ме прочитал, па за казна денеска нема ич. Ладно ми е, ептен ми е ладно, а треба да се бањам. Ај пак струја ќе трошиме за затоплување, знаеш ние сме многу богат народ, па можеме да си дозволиме и сметка за парно од 4000 и струја да плаќаме исто толку, оти не ни го пуштаат парното за кое плаќаме преку цела година. А бе ти ибам и Скопјето и топлификација и се по ред, златно огинче, сега ќе си го распукав од горење да си бев дома.

П.С. Се извинувам за мојот француски. :pipi:
 
Драга Кајгана,

Долго време сме заедно, а никогаш не сум Ти пишал.
Ај сефтето да го направам... да напишам две три думи...
Минам низ некаков глуп период... знаеш... не знам што со себе, преиспитувам одлуки, ме прогонуваат сеништа од минатото, ми заебуваат сегашноста, ме гушат.
Ставам на кантар се што поминало, го мерам одново... свесен сум дека не е тоа во ред, себеси дури не се препознавам. Оспорувам многу нешта што сум направил... а зошто, кога ништо реално не ми фали?!
Ми рекоа дека имам тажна сенка во очите...но не! Тој сум истиот... демек рационалниот, секогаш оптимистичен, ведар и насмеан... или, сепак, не???
И... каде сега Кајги? Ова е повеќе реторичко прашање. Што понатаму?
Морам да расчистам сам со себе. Морам со сета сила да се изборам со себе.
Знам, ќе речеш побудалел Струмикс... Не, драга... сеуште сум нормален... :)
 
Dear friend...
Уште овој виц и веќе не те тупам со мојава здравствена состојба. Да знаеа Америве дека докториве ми најдоа во крвта маснотии, ќе ме прогласеа за демократска република.

Иначе арен ко денов. Прошетки и дружби, некогаш со книга, некогаш со чајче, некогаш threesome си праиме со двете горенаведени.

Love always
Saladin
 
ДК
Епа ајде може да ме нарече секој како сака, дали хејтер или било што али денес бев до светиот виноскоп, „манифестацијата“. Колку вештачка манифестација со уште повештачки народ ејјјјј......
Од 0-10 оценка, минус 10 нема оценка колку со која може да се оцени онакво срање од манифестација. Вештачки град, вештачки народ, вештачки манифестации, само толку можам да кажам за тоа што го видов и искусив.
Иначе уште повеќе ме нервира кога мора секој во една иста вечер да ме праша зошто не пијам вино и пијам вода, абе шо ги боли таквото што ќе пијам и зошто ќе пијам не ми е јасно.
Многу интелигентен народ живее во државичкава бре, неиживеан, уфилман вкрај, клошар до клошар што сака да се курчи дека е нешто :facepalm: (мисли дека е нешто), а јадни души од носот подалеку не разбираат. Жал ми е што потрошив вечерва 3 часа да одам на вакво срање од место али ете искусив и нема да ми прави филм никој за друг пат.
И уште нешто, кога лаже народот барем да направи поуверлива лага, лага за која по неколку часа нема сам да се заколи и ќе се открие. Несакам кога народ кука, плачи се лигуши и глуми. Глумци во театар, во реален живот сакам луѓе со карактер, луѓе од збор, луѓе кои тоа што го мислат ќе го кажат но во лице, луѓе кои си стојат зад она што го прават и преземаат одговорност за тоа што го сториле, а не ја префрлаат на друг и го прават од гомно подолу.
Колку само сум испровоциран од некои луѓе кои ги ценев, почитував, правев за нив се, но изгледа сум погрешил и тоа многу.
BEAST MODE ACTIVATED, колку сум побесен стварно сум поограничен, но се чувствувам посилен од било кога, помоќен и со желба да му докажам на некои личности дека погрешија и погрешно ме проценија.
 
Драга, нека ми е среќен роденденот :) поклон вечерва победа на Милан. :icon_lol:
neka ti e sreken....:)
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 10:24 ---
Драга, нека ми е среќен роденденот :) поклон вечерва победа на Милан. :icon_lol:
neka ti e sreken....:)
 
Драга,

ја виделе сабајле во 4 сатот на ЛукОил. Јас па, рамнодушен, ради 5000 поцрни сценарија кои си ги имав. Психава моја е чудна работа, ама во случајов многу ми помогна. FREEDOM BABY!
 
ДК
Кога го видов никот на леандра дека последна постирала во темата за Хомосексуални бракови, прво помислив дали конечно е затворена една од најдосадните теми веројатно од основање на форумов. Не се излажав, не дека ја отворав постојано ама почна да ми пречи и само што ја гледав болдирана. Толку вртење во круг на некоја тема не сум забележал, дури и темите со религијата се покреативни.
Од друга страна cute пост на Мери Попинс во Љ.Проблеми, особено последната реченица (y)
 
Д. Кајгана

Неам некој мотив, а немам ни сила доволно за трчање. Потајно се надевам ќе се избориме во краен случај за бод (на гости). То е то. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom