Пред некој ден во мојот сон ги убедував ликовите што беа дел од сценариото чиј режисер е мојата потсвест дека не се реални и сé што се случува е мое внатрешно доживување. Ме гледаа вака зачудено ко да сум им згрешил нешто

Зарем толку тешко е да се сфати? Зарем не бев во право?
Но кога ќе размислам... ти, реална си? А таа реална беше? А тоа тогаш? Зарем не е сé тоа само дел од нашето внатрешно доживување во кое сме заглавени и осамени самите со себеси?
Живеам 2 паралелни животи. Еден во оваа неинтересна банална тврдоглаво конзистентна реалност, еден во онаа другана онаа другата во која царува имагинацијата, во која можам да летам, да лебдам, да проаѓам низ ѕидови.. можам и Меган Фокс да ја имам ако сакам, ама тоа е само the fun part. Дури и преубави песни сум слушал кои никогаш не постоеле овде во нашава реалност. Од таму ли ги црпат уметниците своите дела? Преубаво е, дури и досадно од што е убаво. Не е сé во исполнување на хедонистички задоволства. Би го сфатиле тоа од прва рака ако би ја имале таа моќ да добиете сé што ќе посакате без многу труд

Макар и во онаа „нереалност“ нели која квалитативно не се разликува од нашата во однос на задоволствата. Ништо ако не си се испотил за нив. Не би функционирал совршен свет, како што рече агентот Смит од Матрикс, затоа што нашата „реалност“ ја дефинираме преку болката и страдањето.
Он д брајт сајд, „таму“ не треба да мислам на работи кои моите не ги мислеле навреме, не треба да се оптеретувам што поради туѓи грешки, судбина, карма или што и да e. Не треба да мислам на проблеми тешки планина за да имам некаков „нормален живот“ понатаму. Ќе треба многу труд, многу работи да искоренам од себе, како хроничен умор, летаргија, флегма и епизоди на бесмисленост. Таму немам такви проблеми. Но, спротивностите водат кон напредок, среќен сум што имам можност да ги комбинирам овие две. Всушност, целиот универзум е таков, плус-минус, топло-ладно, машко-женско, добро-лошо, Сонце - Земја.
But, the fun has just begun. А не е ни до толку неподносливо, знам на колкумина им е полошо, знам и дека многумина би биле презадоволни на мое место да се. Но таква тенденција имаме, да го гледаме само најлошото, а сé она што го прави светот чудесен и магичен да го земаме здраво за готово и неважно. Сé е состојба на умот, како ќе се чувствувате нема никако да го промени она што не ви се допаѓа, дури контрапродуктивно е најчесто, само си наштетувате. А сите бедотии започнуваат ако почнете да се споредувате со другите и да размислувате што би било кога би било... што би било ако беше... што можеше да биде. Don't do that, ever... секој си почнува од своја стартна позиција во животот, работите на тоа да не останете на истата и да се подобрувате постојано, што и да би значело истото за вас.
Имајте сон. Што и да би значело истото за вас.