Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Од цел викенд што го поминав дома (несакајќи игнорирајќи ја белината на ноќите и дизајнот на ановите), не се појави ниеден љубовен проблем во истоимената тема, исто така, ниеден Сусаров пост од истоимениот член. :)

А башка и најзабавната тема (каде што Ставро го сруши основниот запознавачки постулат на човештвото велејќи дека во дискотеки е тешко да се запознаеш) ја снема. :coffee:

другарка ми поклони книга на рандом, од што книгата била превише мрачна за да ја даде за другарката - славеничка за која била наменета. А ја од мрачност, ја знам само Creep oд TLC ( :icon_lol: ) и по 2-3 сериозни муабети за животот откако ќе се потрошат шалите, другото време пеам и се смеам. :свиркам:
 
Се нервирам кога гледам дека еден Латас е медиумска ѕвезда број еден во Македонија, но после брзо капирам дека многу лесно може да стане и министер, па се смирувам.
 
Пред некој ден во мојот сон ги убедував ликовите што беа дел од сценариото чиј режисер е мојата потсвест дека не се реални и сé што се случува е мое внатрешно доживување. Ме гледаа вака зачудено ко да сум им згрешил нешто :cautious: Зарем толку тешко е да се сфати? Зарем не бев во право?
Но кога ќе размислам... ти, реална си? А таа реална беше? А тоа тогаш? Зарем не е сé тоа само дел од нашето внатрешно доживување во кое сме заглавени и осамени самите со себеси?
Живеам 2 паралелни животи. Еден во оваа неинтересна банална тврдоглаво конзистентна реалност, еден во онаа другана онаа другата во која царува имагинацијата, во која можам да летам, да лебдам, да проаѓам низ ѕидови.. можам и Меган Фокс да ја имам ако сакам, ама тоа е само the fun part. Дури и преубави песни сум слушал кои никогаш не постоеле овде во нашава реалност. Од таму ли ги црпат уметниците своите дела? Преубаво е, дури и досадно од што е убаво. Не е сé во исполнување на хедонистички задоволства. Би го сфатиле тоа од прва рака ако би ја имале таа моќ да добиете сé што ќе посакате без многу труд :rolleyes: Макар и во онаа „нереалност“ нели која квалитативно не се разликува од нашата во однос на задоволствата. Ништо ако не си се испотил за нив. Не би функционирал совршен свет, како што рече агентот Смит од Матрикс, затоа што нашата „реалност“ ја дефинираме преку болката и страдањето.
Он д брајт сајд, „таму“ не треба да мислам на работи кои моите не ги мислеле навреме, не треба да се оптеретувам што поради туѓи грешки, судбина, карма или што и да e. Не треба да мислам на проблеми тешки планина за да имам некаков „нормален живот“ понатаму. Ќе треба многу труд, многу работи да искоренам од себе, како хроничен умор, летаргија, флегма и епизоди на бесмисленост. Таму немам такви проблеми. Но, спротивностите водат кон напредок, среќен сум што имам можност да ги комбинирам овие две. Всушност, целиот универзум е таков, плус-минус, топло-ладно, машко-женско, добро-лошо, Сонце - Земја.
But, the fun has just begun. А не е ни до толку неподносливо, знам на колкумина им е полошо, знам и дека многумина би биле презадоволни на мое место да се. Но таква тенденција имаме, да го гледаме само најлошото, а сé она што го прави светот чудесен и магичен да го земаме здраво за готово и неважно. Сé е состојба на умот, како ќе се чувствувате нема никако да го промени она што не ви се допаѓа, дури контрапродуктивно е најчесто, само си наштетувате. А сите бедотии започнуваат ако почнете да се споредувате со другите и да размислувате што би било кога би било... што би било ако беше... што можеше да биде. Don't do that, ever... секој си почнува од своја стартна позиција во животот, работите на тоа да не останете на истата и да се подобрувате постојано, што и да би значело истото за вас.
Имајте сон. Што и да би значело истото за вас.
 
Драга,
Не можам да заспијам, а треба рано да станам, фак!

И да, некои луѓе се како виното, а некои како млекото.

Чус.

Sent from my U8600 using Tapatalk 2
 
Ве молам навистина ако може да се направите нешто да прекинете со тие печати коа праќате постови ... Sent from my skinflute using Tapatalk ... како иритира, неверојатно е .... пост по пост,па и ја имам упм тапталк,но ја гасам опцијата да ми ги обележува постовите коа праќам од мојот ретардфон .... МОЛАМ ЗА АКЦИЈА !!! ФОРБИТ ТХЕ ШИТИ САЈН !!! :)
 
Нели ќе издржам цел ден само на овошје?

firstworldproblemsgirl.jpg
 
К,
Ич убаво не спиев. И не мразам понеделници, ги мразам луѓето што треба повторно да ги видам, а сум ги оставила во петок. Добро ај не ги мразам, туку не сакам да ги видам.
Чил Неса, бич мод он холд....
:* <3
 
Привилегија е да си малку будалест.

Си ја подадов душата на Уметноста деновиве, како тацна слатко на пензионер. Ме уби и ме воскресна. Катарза од прв вид. Срам ми е да се гледам на видеата, тоа не сум Јас, тоа е некој друг Медиум низ мене. Сериозна сум. А драго ми е што сето тоа така излезе. Спобудалев начисто, како кокиче што се претвора во бел змеј и оди нагоре некаде, собира огнови од други места и се враќа дома, облекува папучи, пижами со дупче во меѓуножјето и заспива слушајќи албуми на Morphine. Не знам што да кажам повеќе освен дека многу сум благодарна што сево ова се случи, со сите студови, катчиња без суета, кругови со егоа, па наоѓање заеднички точки и тонови, енергии што се преплетуваат па отплетуваат, просто на сите начини се наоѓав себеси.
Сега следи реалниот свет, планирање денови, одмор и промоција. Студов малку се стопи, таман колку за да ми даде ветер во грб за да реализирам тоа што сакам.
Она - немам време да немам време, во буквална смисла ќе заличи на максима што ќе се лепи по прозорци.

Ух, од каде ли да почнам и да не завршам?!
Перкусионистичкиот перформанс помина во лудило, капути и со тропање на сцена, Бранко од Фолтин со свирче како тренер по будалаштија, ни даваше ритам. Мислам дека добро излезе. Онака, како што доликува за еден настан од тој тип. После тоа, поетското читање. Минус два. Многу луѓе. Први посвети. Смрзнати дланки, ама топли зборови. Се видов со мал, но колосален број луѓе кои ни ја почитуваат работата. Поетики и дизајн = немам што да речам, освен огромно браво за сите кои ја реализираа целата лудорија.
Ете, моја поезија ќе има на кесички чај и на одбележувачи на книги. Добив и саксии обложени со мои стихови. Веќе ги крстив цвеќињата - Љуба и Нада. Да се знае.
Зар може човек да посака повеќе? Дизајнериве, меки души. Срамежливи. Ние, смрзнати. Со Даре наздравуваме за тоа дека и во студ и лад, за поезија мораш да имаш глад. Луѓето ќе зборуваат. Ќе негодуваат. Ние, пренесовме порака дека поезијата може да ја има секаде и да биде сама по себе проток енергија, став, насмевка. Живот што носи Живот. И тоа е улогата што ја имаме.
И јагодата на шлагот - Human Voice Design!
Група што дисхармонично најде своја точка од вселената. Баш така. Прекрасен почеток, луд финиш. Тие што можеа да видат, знаат што блаботам. Јас, нема ништо да додавам, само ќе кажам -
Да си она што си, да пренесеш некоја нова идеја и лудило од други светови, е најголем благодет што може ова постоење да ти го овозможи!

А наредно, да си почастам душа со едно парче од Париз!
Au revoir!
 
Не се искажуе радост сс кршење чаше
Тој е сељо трети степен, четфти степен сељо се тепа за "што ме глеаш бе" Има сељофци сс добру душу, ама слаб манир.
И којкур газда не преземе нешто, цунами се дешава у шанк
вода на сфи стране.
Цунами или лизнами, а Кајгано ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom