http://radiosarajevo.ba/photo/galerija/6820/80351
Ја гледам галеријава и се топам. Парови како спијат додека чекаат дете. Мекост.
Ден за тестенини. Татко ми е прекрасен, ни замеси пита мене и на мајка ми само со кечап и кромид. И знаете што? Успешно е вкусна. Сега ќе си се пикнам во кревет и ќе си читуцкам Теа Модерна. Мајка ми вика - ееј, види ни се падна шалче, глушец боја!
И јас само слушнав = шалче со глушец, и си викам, што тропа женичкава?
После видов, во списанието и подарок марама. Глушец боја, стварно.
Вчера седнавме во Бирократ, спојки сите. Бејлис и муабети. Четири пати изврна, четири пати преврна. Честитавме роденден како што доликува, со Сникерс, козметика и облека. Нозете уште ме болат од чизмо/штиклата и дефинитивно морам да најдам начин како да се оженственам без да имам од’ како тазе возљубена проститутка. Сериозна сум. Еве, иде плата, иде октомври и морам да си набавам пристојна штикла, по можност црвена, на мала штикла со големи очекувања!
Слушам Ник Кејв и ми се меша со цвркотов надвор. Има денови кога септември излегува од рамките на својот есенски капут и ти дава грам надеж. И си ја садиш во саксииче крај прозор.
Да никне нешто, макар малку. И да си продолжат деновите како што треба.
Со трпение, многу работа, многу љубов, скапување на Скајп, мелодрама во облаци и чадори заборавени по автобуси и маркети.