Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК,

Вчера бев на една роденденска забава. Организацијата беше во приватна режија, па музиката славеникот сам си ја пушташе. Иницијално се затера на ÿбер-турбо-фолк и не знаев до кога ќе мора да ја трпам таа тортура.

И после некој рече „Пушти нешто на латиница“. И ја пуштија Гангнам Стајл.

o_O o_O o_O o_O o_O o_O o_O o_O o_O o_O ??????

Пријатно.
 
kajgi go sakam vremeto...ama toa neznaci deka mora glava da me bole kapiras? o_O sakam SON...vecer ima u 22h da sum veke u krevet e taka da si znaes :P
 
Драга Кајгана
Шо прајш ? :D
 
Толку сум баксуз што дури и кочан да си купам , сигурно зрна ќе му фалат .

Уште го чекам моментот кога ќе купам некоја нова работа што ќе чини на прво без никаков проблем............
 
3 ден......чекам некој да дое на вратата да ми тропне,да ми рече стани волу шо чекаш животот мине,почни да го живејш.



интересна работа е воа измени го мислењето,таман каа за мене измислено и ставено,после 55 минути решив дека не треба да изгледа така мојот пост.


540091_10153175487860618_1503060708_n.jpg


да го разубавам постот,не може да биде по перфектна.....моја кројка,кај вакви и мали цициња се прајслес.....
 
И конечно мила мирисот на есента.
Прекрасно е да се осети свежичкото ветерче, да се гледа како лисјата паѓаат, мирисот на дождот, тренерки, џемперчиња, јухууу :pipi:

Спокојство драга, конечно спокојство.
Најдобро време за чајче и добра книга во раце :icon_lol:

large.jpg
 
Драга
Се надевам дека за некој ден убај резултати ќе слушнам од факултетов, али ај да не брзам оти за лошото не треба многу.
Здравјево катастрофа, неспиен цела вечер вчера, 10 кафиња во последни 20тина часа. Сабајлево ми го плесна времево машки, ме направи утоп и фино лепо на полагање така си отседив 3 часа :(
Ми фали нешто, особено кога тргнам накај скопје уште повеќе, па кога не го видам пак збеснувам....многу прашања, многу работи кои сакам да ги сторам али ете изгледа не ќе е пишано ко шо тргнала работава али се надевам дека грешам :unsure:
Туку се мотивирав од брато лазо ко го опулив кај шо вежба. Ај еден поздрав особено до женските членови нека плакнат очи со видеово :)
 
Кајганче!
Немогуче да ми е толку добро напишана дипломската што професоркава не ја корегира.. :icon_lol:. Јаречка ствар тоа е, секогаш да си спремен на најлошото иако можеби си завршил добра работа :))). Притисок вришти на сите страни, ама добро го совладувам со маливе позитивни работи што ми се случуваат деновиве :). Другиве што не ги бива - не ги бива, ќе го пренасочам интересот кон нешто кое знам дека ќе вроди плод наместо беспотребно да си губам време надевајќи се и трудејќи се. Eдноставно не вреди. Еј, се изгубив во Скопјево денес. Го обожавам тоа губење низ улички и откривање нови патишта, само да не е толку ладно до степен на тресење на снагата :icon_lol:.
И така.
 
Кајги, сите и викаат добредојде на есента...само јас викам е мораше ли да помине летото? :confused:
Ајде нека ме голтне Земјата и нека ме плукне на некој остров. Местото не е битно, само летото да царува по цела година!

Јас Кајги, најискрено, без претерување, лигавење и такви ствари ти кажувам дека за мене живот во зима - НЕМА.
Од кога знам за себе, јас во зима сум ставена на преживување.
Синуси, крајници, температура, бронхит, вирус, апчиња, инекции, кревет, малаксаност и чај, чај,чај...
Како па можеше толку нежно суштество да се погодам.
Преку лето ако сакаш и во фрижидер за замрзнување остави ме една недела, остави ме во соба со вируси и бактерии...ништо нема да ми биде.
Ама штом падне магла, стигне ладново...доста е еднаш да излезам од дома, да вдишам од ладниот воздух и после ме нема од мапата едно 10 дена.

Не сакам мори, не сакам ладно. Уште кога ќе помислам ми студи.
И од страв да не ме фати некоја настинка веќе една недела спијам со ќебе. На кој и да кажам, ми се смеат.
Ама шо да правам мори Кајги...од мака ова, не од друго. :cautious:
 
Драга,
уште малку и пак ќе почнам да киснам во читална.. не дека е лошо во читална, ама толку ми е убаво на целодневни кафенца под сонцево... од еден кафич во друг : ))
секогаш се наоѓа по некоја ситница ако сакаме да се жалиме дека е лош животот, а во суштина е многу многу убав и добар... не треба многу за среќа...
и кајганке ова љубовта мене ќе ме убие еден ден или да?
Не не, грешка - нема да ме убие мене љубовта, ама недостатокот од истата со сигурност ќе го стори тоа :giggle: .
 
Уф, кајганче,

Некој се осмелил да направи нешто против мене, со шо сам себе убијал.
Уф уф уф , леле како ќе наебе. Уф не може да замисли.

Е сега ќе се види чија мајка црна вуница преде!
 
Очигледно несреќата, а и глупавото неискуство си дејствуваат во некоја перфектно, но во негативна конотација дејство. Кога по неколку години обиди ( не константни ) добиваш шанса со девојка што чувствуваш нешто за неа, да искочите сами, да пиете алкохол и да не се обидеш ни најмал чекор, мора да си глупав. Е, глупав сум!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom