Драга
Реков ќе ти пишам сношти за вчерашните доживувања ама како што ја потпрев главата на перница така заспав, непокриен нормално и сабајлево грлото ми е чорбааааа

Камо да знаев што значат соновите имаше појак од баба ванѓа да сум, нема минутка да задремам а да не сонувам еден куп глупости или можеби само јас така ги викам бидејќи незнам што значат

Инаку дури и змиите не ме сакаат бе, вчера бев на терен 2 минути сум газел до една ваква убавица и не се реши да ми ги скрати маките еднаш засекогаш, па после мораше да се мислам како да ја избркам и да си продолжам со работа. И се чудам и самиот колку сум изгубил осет за се, наместо да се извадам од памет ко ја видов јас уште и се заебавам...
Овој месец нешто послабо, вчера го поминав 3500 от км за овај месец со службеното џипче и си викам кога на газдата му се исплати да тури толку бензин за 1 месец тогаш колку извадовме со то џипчето

, а и телефонот службен дизел модел е и слабо трошел

Туку еве роси надвор, ама за 1 сат 2 пак на работа треба да кинисам па до даље.
Ех драга како ме мачи нешто друго, еднаш заебав работа ко ја видов прв пат поради мои лични банални причини, е сега се плашам дека нема втора шанса ко шо тргнала работава...
