Референдумот во 2004-та беше неуспешен. Таа неповторлива шанса да спасиме образ се преобрази, мутираше во проверена тактика на власта да одврати внимание од битните работи преку ефтин сензационализам. Еден ден пред гласањето стигна вест дека не признале јуесеј под уставно име, се организираше мегаконцерт на плоштад, џускавме сите, веевме знамиња и им го начукавме цел на Струга и Кичево. Тоа тогаш беше неверојатен пример за инертност, мрзеливост, глупавост и недостаток на визија, перцепција, па и самопочит на еден колектив, во случајов самонаречен народ. Резултатите од таа прослава на ден пред референдумот ги живееме денес. Можеме да измериме колку имаме бенефит од тоа што не признале јуесеј и колку имаме загуба од тоа што Зајас и Лабуништа им диктираат на Кичево и Струга.
Тогаш, ако добро се сеќавам, не ни одеше многу ни во индивидуални, ни во колективни спортови. Немавме многу на што да се радуваме, па веројатно затоа и немаа начин како да ја дефокусираат јавноста од референдумот. Мораа да бараат чаре надвор.
Можам да замислам што ќе се случеше во едно сценарио кога тој референдум би се одржал еден ден по победата на Македонија над Литванија на минатото европско. Taa победа ги исфрла од гласањето мнозинството граѓани до 60 години. За постарите доволно е да најават дека на денот на гласањето Сител ќе емитува маратон со најнови епизоди од Бурни Времиња, цел ден, цела сезона.
За една мала, краткорочна радост еднаш веќе покажавме дека сме спремни да ги уништиме животите на генерации деца после нас.
Се сеќавам кога Најчевска, Секуловска и Беличанец(Роберто, не Туфи) напишаа дека кур ги боли за кошаркарите. Во реакцијата и во колежот кој им следуваше јасно се виде колку е лесно да се изманипулира овој народ, ова македонче, овој жив деминутив, да пука и да 'ржи по некои таму маргинализирани и небитни идиоти кои сепак живеат во демократско општество и имаат право да кажат дека кур не ги боли, а да молчи кога го тепаат и да се крие додека му го крадат домот.
Вчера го уапсија Исус. Наводно, имал премногу љубов човекот, не знаел што да и прави, па решил да ја насади во неколку саксии. Некои викаат дека тоа го направил затоа што секојдневниот живот редовно ја исцрпувал од неговото тело, па таа резерва на љубов го одржувала во живот. Со години наназад ја конзумирал и тоа придонело целосно да се искоренат од неговиот ум и начин на живот малициозноста, сеирџискиот набој, агресивноста и љубомората. Такви недостатоци тука не се толерираат.
Има Исус среќа што вчера Македонија ја победи Србија, па јавноста беше дефокусирана и не му удри солиден мајтап. Има Исус среќа, не беше во центарот на сеирот. Вчера му одржавме лекција и му се одмаздивме на Србо за тоа што секогаш кога нема ебено ништо иде во Македонија и се растура од ебење само затоа што зборува на српски. Му се одмаздивме на Србо за тоа што секогаш кога ќе дојде овде си кршиме јазик и причаме српски за да му угодиме, оти инаку не не разбира. Од вечерва Србо веќе нема да ги ебе нашите моми, нема да слушне ниеден македонец како се мачи да го зборува неговиот јазик. Нема веќе да ечи Цеца од секој втор автомобил и нема Аца Лукас да заработува кај нас повеќе од Боб Дилан или Карерас.
Верувам дека има некој од тие тешките предавници и дисиденти, избеган негде по странција да си бара лебот, кој ги следи настаниве и ни се чуди на паметот. Ни се чуди на начинот на кој ги проследуваме настаните и на реакциите. Ни се чуди колку лесно, за административна корекција на име од една меѓу двеста држави си ја продадовме државата. Ни се чуди за тоа како скоро ќе убиевме тројца новинари за некоја посрана изјава околу кошарка, а молчевме и игнориравме кога се амнестираа мавровските резбачи. За тоа дека додека висат Охис и стотици семејства на конец, додека ни спремаат гробарски закони за(додуша повеќе против) работничките права и за јавните собири, па и ова вчера, кога по секоја здрава логика и разум, невин човек заврши во затвор за нешто толку глупаво, толку безопасно и толку небитно, без никаков отпор, без никаква заштита, без никаква вистинска реакција, како пример дека нема и нема да има напредок во сферата на човековите права и слободи кај нас уште долго долго време, ние скокаме и се радуваме на тоа што клиентот го победил стопанот, од кој одвај се одвоил, неволно, со манипулација, со опцијата дека "независноста остава простор за еден иден сојуз" со нашата мајка, Србија.
Сигурно тој дисидент и предавник, продаден газ и куче касапско исто така конзумира од љубовта на Исус поп Христос. Да не конзумирал, немало ни на крај памет да му падне да бега од оваа земја, да се плаши за неговата иднина, за неговата слобода или егзистенција. Немало да му надоаѓаат луди халуцинации дека овде може да се донесе закон во кој министерот смее да дојде дома и да ја дупне од ебење жена ти, да и сврши во уста, а потоа да мораш да му направиш тост и тој таков закон би поминал глатко ако во исто време не признае Бурунди под уставното име или чистокрвните македонци и големи патриоти освојат трето место во... ватерполо.