Д.
дури и ти стана досадна.
ни тема добра да се отворело, ни добро да се дискутирало, ни ништо веќе......
инаку ај да ти кажам како сум го добил името, пошто и ја пред некој ден дознав.
имало повеќе предлози од кои и Филип. ама баба и дедо не сакале да чујат пошто во село (кај што си живееле порано) имало некој Филип, а тие биле скарани со него.
друг предлог имало Марио, ама во комшии имало некоја стара жена Марија-Мара и била многу лоша и проклета жена. трет предлог бил Стефан ама така се вика деверот на тетка ми, па и тоа испаднал (слушај сеа логикиве

). четврт предлог бил Марко ама така порано низ село ги викале магарињата и дедо се бунел. секое магаре се викало Марко.
после имало предлог и Александар ама така секој втор се викал.........
од логикиве да се дрецнеш на земја

сум си стоел без име некое време, а сум било многу немирно бебе кое постојано плаче и кенка.
еден ден татко ми кога си идел од работа случајно мало дете му го попречило патот смеејќи се и криејќи се зад неговите нозе, а мајката го бркала и викала: Даре, Даркоооо идај ваму....само коа ќе те фатам коските ќе ти ги скршаам.....идај не те тепам

и татко ми си помислил: гледајќи го сеа какво бебе е, коа ќе порасне сигурно ваков ќе биде, затоа ај така нека се вика

и стварно и јас таков бев......и уште сум.....а баш би сакал да го запознам тој дечко на кого сум крстен, постар е можеби 3-4 год од мене......
е тоа ти е драга...логиките од порано слушај ги........и смеј се.........