Не сме читнале пар денови Кеј.
Овој ми беше еден од најдобрите викенди годинава. Премален се вратив во четвртокот од полагање и на полноќ се пуштивме фамилијарно према СК за да го испратиме маленкото преку барата. Касно беше летот у пм, и така не спиен бев - не знам како дишев уопште. Другиот ден на пладне ме разбуди лепа дотка

и правац Матка на кафе и ручек. Најпријатно место за седење и криење од жештиниве, дефинитивно. Утепавме пола ден таму. Вечерта ме извика кај неа помош околу пакувањето. Торбица не отворивме, прв пат пробав Радлер (good stuff), мезевме чипс со ѕаѕики и гледавме Рејмонд. Во саботата за доручек - хамбургер од Седмица

! Јбг не си бил во СК, ако не си јадел во Седмица. Плус муабети и преговори со возрасните околу фамилијарен одмор. Се вративме вечерта, блиц спремање и на седенка со скопјанецот во новоотворениот локал. Какво е местото значи, ауу

! Одлична атмосфера горе во шумите, ептен пријатно за седење и пиење. Требаше повеќе да седиме горе. И денес ме извикаа на базен уште во 11. Се исшлакавме како мали деца, не плива во такви ќибрит базени. Па и говедата шо се фрлаат од сите страни, Боже - стоки недоносани. Убаво се релаксирав тие денови, ама сега ќе морам да се напнам за последниот јуриш. За три дена ми е последниот испит и ќе мора да се комплетира годината како треба.
Пази го албумов и вокалот на типката !