Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
сумарум... џезот тивок некако, другарка си фатила асален дечко, го викнав на роденден, форумџииве станале попаметни, сум пропуштила глеање на Waking life у јавност и по нешто друго прејако, си ја завршив задачата фушарски до ова доба пошо немав време...
спиење 2 и кусур саати.
 
Кајгано.............
се вратив јас по не знам...2 и пол години....само да знајш..да не речиш не ти кажав :D
 
Драга,
Една недела остана од одбројувањето... А јас не сум ни почнала да се пакувам :eek:
Ама битно картите и пасошите се на место :D

Еве ти еден поздрав пред работа

 
многу е јако кога цела вечер флертува (демек) со тебе,ово оно и низ муабет те перка дека има дечко и тоа диџеј :facepalm: :pos: секундарно те сечат нозете и собираш сили да станеш и трезвено да одиш далееееко од неа.

тоа само мене може да ми се случе бе кајгано ни заедна :icon_lol:


патем....сакав да истерам пензионерски,но како е можно тоа кога ќе дрмнеш цел коњак со овие брливи школски,се отворив прво како кисела павлака,а после продолжиме у дупка каде се истресив максимално (по маси играев) :LOL: :sneaky:
 
Д.
кои паники и возбуди владеат дома не можеш да претпоставиш. матурантка е моето ми драго малечко сестриче :cautious: и јас бев некогаш на времето ама кој те ебе бе брат ( да ми простиш на изразот).
фустани, штикли, шминки, фризури, нокти, веѓи, депилации.....ги одра, ги исцеди од дома моиве, ѕвонци ги направи :tapp:
а за мене онака, ништо посебно.....сако, кошула, пантолони, кондури и чао, арен си.
цела куќа наопаку ја превртеа за да имало место кога ќе дојдат некои поблиски, а башка друга вечер во кафана што ќе чекаат :свиркам:
ја си седам в соба. сега пред малку дојдов, ми заврна.
си турив винце, си пуштив музиче, си те читам тебе и воопшто ама воопшто не се замарам. точка. чао.
п.с. слушнав утре ќе врнело. тешко на фризурите од матурантите. ни Ф нема да се види од фризура, џабе по 1000 денари даваат :facepalm:
 
Кајгано, слушам утре матурска ми било o_O
Не бев дома еден ден. Се враќам и што да видам...луѓето матура спремаат. Кој сецка, кој реди маси, кој чисти....сите во акција.
Само јас мртва ладна.
Влегувам од врата и право се мавам во кревет. И спијам неколку саати без око да ми трепне. За да не ја гледам тензијата што ја ствараат за една МАТУРА:notworthy:

Ама поарно да не се разбудев. Ме отепаа со прашања.
А фустанот го проба пак? А штиклите згодни ти се? Каква боја ќе се шминкаш? Фризурата одлучи каква ќе ти биде? (Ваква!- Е зошто таква?-Зошто така сакам!- Е зошто така сакаш?- Е, .!.)
А, возбудена си ? - Не, не сум! Ногу ми е гајле за се`.
Поладна и од туш сум. Едноставно како сака нека биде...а, знам КАД ЈЕ БАЛ, НЕК ЈЕ МАСКЕМБАЛ - е така ќе биде! (n) Ууу...п:cenzura:

Така Кајгано. Утре ќе славам. Уствари ќе бидам присутна на една свадба без невеста.
Сите ќе се веселат и ќе се кршат на Аца Лукасот...а, јас ќе пијам и малку ќе фантазирам.
На Лична Карта празна је ќе си замислувам дека сум во видеово и
е играм во овој ритам...па што :pipi:

И дај управи се...:tapp:
 
ДК,

Момент на рамност. Не е ниту затишје пред бура - нема бура. Само мир. Само зен.

Знаци?


Добра ноќ.
 
Драга кајганче па кај си ти нешто си ми се разболела ... :( или ти досадивме премногу па сега не бркаш :sneaky:

Иначе драга кајганче платив 1,500 ден за џинглови за радиото ... а гледај радиово абер нема да проработи ццц :facepalm: ... :( а која желба ја имам за пуштање музика, водење и сл... ама ете додека биде ... ќе ми побелее косата :icon_mrgr:

Кајганче ... ех камо да имав некои мои фантазии да можев да ги претворам во реалност посебно романтичните ствари ... :love: и онака одмор оди... :cool: со девојка на одмор мераци ама очигледно тоа нема да се случи ... немаме понежна половина а можеме да имаме но 99 % се ... девојки со незрел мозок ... :confused:

 
Драга,

Ми мириса дека УЈП ке те затвори за скоро. :(
 
На сета факултетска мака и обврска денес , немав многу време да мислам шо ќе јадам .
И така , фино лепо срушив личен рекорд во изедени јајца на ден.
3 за ручек ( во вид на кајгана со сирење)
4 варени за вечера ( комбинирани со месце)

Што сака авторот да каже ? Во последните 3-4 саата , има едно 7-8 пати како
gotta-fart-bigtime1.jpg


На дело гледам ( и мирисам) што бил муабетот околу прекумерното јадење јајца и нивното делување на гас-системот :(
 
Ми се приигра Mустафа на флипери, да го шинам тој дебелиот главен со мечевите од чотек. Море и сите змејчиња да му ги искасапам со она бариерана главна
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom