Кајгич
Не дека до сега не ми беше јасно, ама денес се прелеа чашата.
Па добро бе мајко му, до кога?
До кога сите работи ќе се решаваат со 2-3 телефонски позиви?
До кога мамини и татини синчиња и ќерки со завршен Ш факултет ќе имаат приоритет пред деца кои крв плукале додека да завршат?
До кога ќе се форсираат само оние што имаат да наполнат нечиј џеб?
До кога партиската книшка ќе ги отвара сите врати?
До кога ќе се вработуваат 10 партиски газолижачи, а во канцеларијата има само 5 столчиња?
До кога овој народ ќе се тапка по рамо?
Кога конечно ќе ни стане јасно дека нештата МОРА да се променат.
И
НЕ Кајгич, не сум ни лута, ни нервозна, само се чудам, неможат тие да не ебат толку, колку што ние можеме да издржиме.
Ехххх, ова е мојата чудесна Македонија.