Драгана,
Денеска се разбудив од ниедновреме. Не знам што да правам толку рано.
Ќе ти раскажам вчера што ми се дешаваше...
Вчера бев в село, т.е. во селото каде што е роден татко ми. Не бев појден одамна. Поминав неколку лета таму кога бев мал. Тогаш идеа и деца таму. Доживљај беше. После потпораснавме и толку беше тоа, секој в град.
Многу е убаво в село на лето, Драга. Во јуни е неверојатно. Се сеќавам едвај чекав да дојде крајот на јуни зошто тогаш имаше шумски јагоди. Многу убави спомени ми враќа селото, драга.
Ама не е тоа што беше. Откако не живее таму баба ми ептен е запуштено. Татко ми чистеше, косеше, средуваше порано... Сега дворот е џунгла. А гледам и куќата пропаѓа.
Си мислам, за некоја години да дојдам овде пак.... ова дивината ќе го има проголтано.
Го видов Пајо. Еееј од кога го немав видено.
Пајо е селскиот беќар, оној што го има во скоро секое село. Ееее ама Пајо не е више беќар, драга. Си зеде жена од Албанија пред некоја година. И добра жена му се погоди. Вредна, фина... поднаучи и македонски.
Пајо зел кози да чува, со направил мало стадо. Знаеш што убави се козите Драга кога се мали? Имав заборавено. Баба ми чуваше кози кога бев мал. Памтам една година, кога почна летото го мразев козјото млеко. Не го поднесував мирисот. До крајот на летото не можев без него.
Пајо ме обавести за случувањата во селото. Ми кажа еден дечко со кого се дружевме кога бевме мали се верил. Се немав видено со другарот со години, кој знае дали би ме познал да ме види сега, тотално изгубивме контакт. Ми кажува Пајо, се верил и си ја зел дома. И вика: арно дејче е, ја видов... работи, ги пере, им спрема, им готви... Другарот мој живее со татко му и брат му. Мајка му кутрата умре млада. Рак на стомак. Се сеќавам кога умре. Мислам дека и го видов мртвото тело... Но, не ми остана тоа толку во сеќавање колку глетката на другар ми целиот во солзи. Многу ми беше жал тогаш, Драга....

И сега се натажувам кога ќе помислам....
Вечерта Драга излегов со двајца другари во кафич. Ќе ги викаме А. и Б. А ми е стар другар од средно, и, да не претерам, ми е најдобар другар од тогаш до сега. Б ми е исто така другар од средно ама се немавме дружено баш откако замина на факс во странство.
Стандард ситуација Драга, кога ќе се стаиме ние тројца во друштво одма на економија ни оди муабетот.
Е да му ебам мајката, сабота навечер е не ми се прави муабет за економија, за пички ми се прави муабет. А, А. секој мој обид да праам муабет за пички го сече во корен. Ќе почнам ја нешто и тој: Еееееве го овој... аман бе, мисли малку на нешто продуктивно, не само на женски. Па на што да мислам бе во кафич, во сабота навечер? Имам 24, уште малку 25 години... мене на тоа ми оди паметот. Ми се ебе бе вошкар, ми се ебе!
Го заебавав цела вечер после, индиректно го провоцирав. Б се газеше од смеење.
На крај кога се враќавме, ми кажува, мене брат не ми е тоа приоритет во моментов, јас излагам со луѓе што ги ценам, да си направам паметен муабет.... јас се фокусирам исклучиво на една цел: да направам нешто од себеси. Јас му кажувам: мене искрено ми е криво што ти немаш исти приоритети како мене, зашто знам што тоа ќе значи. Ќе значи дека ќе треба да се гледаме се помалку и помалку. Ако јас се фокусирам на мојата цел исто како што ти се фокусираш на твојата ќе можеме да се гледаме нешто како еднаш неделно, преку сила и тоа рачунај ваков термин, сабота навечер нема шанси. Тоа ќе биде резервирано за со другари што ги интересираат женски. И тој нешто се смее...
Ми објаснува како за него во ова време да се брка женски или како што самиот вика: да се замарам ја со неа, погледнала некого, ова направила она... убава си не си убава... За мене тоа е губење време. Како може да биде губење време бе брат, кога имаш директни бенефити од тоа и му набројувам што се има ќар ако има женска. И тој вика: браво бе ај сеа ќе се заебавам ја, овие години ќе го потрошам на заебанции и после што? Ќе се мачам да врзам крај со крај.
Му викам: не се забанции. Ја ти зборев за женска со која ќе се забавуваш, ќе ти биде убаво ама ако сакаш можеш да одиш одма на озбилно. Пооди некое време и земи ја. Одлуката да се стапи во брак со некоја е една од најважните одлуки што ќе ги направиш во твојот живот. Тоа не е заебанција.
Тој сега запнал да ги постави темелите на својата иднина, а под тоа мислам да се обезбеди финансиски. Сега си мислам, тој отсекогаш бил релативно сиромашен и оттука разбирам да му бидат парите важни, сака да биде обезбеден, ама тотално да се запостави се друго, тоа не можам да разберам. Не може ни тој да разбере кога му објаснувам како и зошто тоа што го прави е погрешно. Пробувам да му објаснам дека среќата не е во парите, дека врските со луѓето се тоа што го прави човекот среќен: дали се тоа љубовни врски, дали, дали пријателски, врски родител-дете..... Nije sreca, para puna vreca. To znaju oni sto je imaju. Му цитирам стихови на Дино Мерлин... Ама џабе. Нему паметот му е таму. Е чим така, продужи даље. Јас како другар направив се што е во моја моќ и се што е моја должност. Ти дадов памет, колку што можев, ти дадов пријателски совет, што е во суштина истото што ти го кажуваат и сите роднини... и тоа. Толку од мене. Оттука нека ти помогне Господ, и онака ти веруваш во него. Нека ти донесе девојка до праг што ќе ти рече, тука живее А? Господ ме прати, да му бидам верна жена.
И му кажувам убаво. Сакаш да ти кажам што те чека? Ќе имаш 35+ години, ќе ти падне косата, како што гледам дека сега и од горе ти паѓа, ќе ти дојдат стројниците и ќе ти кажат: имам една, од овој од оној ќерка, многу арна... таман ко за тебе. И тогаш брат не се надевај да најдеш некоја убава. Знам, ти не ни бараш којзнае колку убава, ама да знаеш, тогаш брат можеш да бараш само да има дунда, да не е осакатена и да знае да готви. И се знае нејзиниот придонес во домот и во твојот живот, всушност тоа и се поклопува со она што ти го бараш од една жена: да ти раѓа деца и да го одржува домот. Е на Пајо жената му, ни деца не раѓа. Јалова е, зашто инаку би се омажила со стар беќар од село во Македонија? Само да знаеш, во тоа време само оштетена роба можеш да земеш. Не за друго, едноставно толку имаш и да понудиш. Сега ти е највисока вредноста бе брат. Сега има смисла да бидеш и скокцкан и набилдан и напарфемисан и све. Ако тоа ги влажни, тоа ќе правиш бе брат, мораш да се прилагодиш на побарувачката. Сега ти ќе речеш, абе тоа ти е стадо менталитет. Како може да биде стадо менталитет кога јас размислувам и свесно одлучувам дека тоа е најдоброто за мене. Што постигнавме јас и ти со нашиот нестадо менталитет? Цело средно го изгубивме на глупости. Кисневме со други како нас и праевме муабет за метал и за астрономија . Женски не не интересираа, а имавме прилики и јас и ти. Фала богу не сме ружни, женските не свиѓаа колку толку. А бе не се залапав со женско додека не се тргнав од тебе и тоа друштво, додека не отидов на факс. А ти на факс, наместо да се ослободиш исто како мене, ти уште повеќе се утупе.
Катастрофа значи еј. Кога ми кажа пред некој месец дека мислиш дека предбрачниот секс е грев. Искрено не можев да се опоравам. Да ти ебам тоа религиозното воспитување твое бе, те уништи бе еј!!!!