Драга,
Ко бајадера сладок е, сладок е сладок, жими се ... Тралалала, не знам како идеше песничкава понатаму.
Не зборам за некој дечко, Бог да чува, туку за животот бе. Да, сладок е, убав е, поготово кога неколку дена си на гумени бонбони, од што немаш време, а ни волја да си земеш да си зготвиш нешто. Ако, мене ми се супер, ми го прават светот розов и поднослив.
Исто и на многу чоколадо бев деновиве. Се надевам дека следниот пат ќе му текне дека сакам Најљепше жеље со бисквити, иако и лешниците не се лоши. Сепак, не се мој прв избор.
Иначе, сладок ми е животот денес, оти го положив мизерниов колоквиум! Дааа, после 2 недели макотрпно бубање на такви срања, на кои по 5 дена нема да се сеќавам, по два саати спиени денес (а најмногу вкупно 12 во последниве 3 дена), по многу несови кои повеќе ме заспиваа наместо да ме држат будна, ја положив мизеријава. Бар првиов дел.
И го мразам професоров, му ја мразам книгата и се надевам дека за ваква психичка тортура врз мноооогу студенти, ќе иде во пеколот! Во деветтиот круг на Данте!
Не се бунам да учам било што, али што стварно ќе ми користи, али ова ... Ова здрав (нормален) човек не знам како успеал да го напише, а мојот сеуште нормален памет не знам како успеа да го научи НАПАМЕТ!
Како и да е, сладок ми е животот бе.
Никогаш не сум си играла топло-ладно, али сега си играм, и ако, и тоа ми е слатко, убаво ми е.
Викаат дека ако некој го пуштиш да оди, ако не се врати, никад не ни бил твој, а ако се врати, твој е засекогаш.

Сега можам комотно да му се потпишам на моето сопствеништво врз него и да му го залепам на чело, па нека си се шета со мое име и презиме, да се знае чија сопственост е.

Финтата е што го познавам тооолку добро, што ни тој сам не се знае. А тоа го плаши, зошто тој не сака да губи контрола, тој се вади од памет кога нема контрола во било кој поглед. Со две-три реченици, пак можам да го вратам на старо, пак да си ја чука главата. Знам кај да удрам. Али не, нема јас да го измачувам, греотка е, доволно си е самодеструктивен, па и јас да си играм мајтап.
Ако, сладок е и тој. Вечно збунет, али сладок.
И да, ги обожавам баба ми и дедо ми бе. Онака ептен, душата ми е наместо кога ми се ок, ми даваат огромна позитивна енергија. Фамилијава за ништо не би си ја менувала, тие ми се единствена потпора, моето прибежиште од сета мизерија. Си ги сакам. Многу.
Кајгано, шеќерот ми е ептен качен, примеќам.