Д.
денеска прв пат после година ипол се сретанав со другарка од средно. последен пат ја видов т.е. бевме заедно кога частеше за сестра и кога се роди. знаеш после кој навака, кој натака и не можевме да си видиме, само се допишувавме и се слушавме на телефон.
таа беше иницијатор за нашето гледање. ми се јавува и ми вика: сама сум со сестра ми, ја чувам, ако сакаш ај да излеземе да се видиме. тамам и времето нели беше супер.
и така прв пат ја видов сестра и

Лина. како што ти спомнав има година ипол и замисли какви се дечињата на таа возраст.
знаеш дека во македонија е чудно да се има сестра/брат на толку голема разлика (скоро 20 години) и сите некако чудно те гледаат т.е. мислат дека ти е дете. ај батали тоа.
туку сакав да ти кажам дека долго време не сум бил во близина на мало дете. обично ги гњавам додека се мирни, а после кога ќе почнат да плачат си се повлекувам.
а оваа Лина права итрица да ти била. кога сака нешто покажува со рачето и овие ако не и даваат почнува да плаче и на цел глас МАМАААА МАМАААА и сите луѓево околу тебе те гледаат чудно и со поглед ти викаат да ја заќутиш.
на крај кога ќе попуштиш и ќе и дадеш тоа што сака, фрла еден ваков поглед

(како да ти вика: нели гледаш дека пак е по мое)...............
туку утре треба порано да станам, решив да спортувам па веќе закажав термин за трчање со другар.