Кајганчееее




после цела недела лежење дома, денеска конечно ќе излезам надвор. Доста ми беше од макропени, фервекси, топломери. Денеска конечно ќе излезам, оздравев.

Пред малку излегов на тераса за 1 пат неделава, да земам дрва, очиве ме печеја од сонцето, ко од подземје да сум излегла. Морам да ти се пофалам дека заработив илјадарче од брошевите што ги правевме со мајками

( после ќе ставам слики), плус први е, и цел месец ако оди вака...мх мх.



Плус си ги искубив веѓите 1 пат без да си заебам некое влакно.

Е уште вака ко подмачкано да ми оди на натпреваров по англиски наредната недела, има да си се снабдам со книги за цело летоо!

Е така, пошто денеска е први, а ја решавам да променам нешо, ќе се радувам на ситните работи, на пример како 70 денари заштедени од авон

, и на тоа дека цела недела бев болна, а сеа камино си го начукав со дрва и седам по куси !




МНОГУ ми е супер денов, а се надевам и месецов, уствари не се надевам, ќе биди секако.












енд