Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК
Само да ти кажам дека му фрлив око на еден комшија што не му знам име, која иронија а, знам дека се согласуваш со мене.;)
Не седи на мојот спрат за да му побарам шеќер кога ќе ми снема, ама па има куче кое треба да го шета, па кога ќе се позатопли времево сигурно ќе поминува повеќе време со него надвор, па веорјатно ќе го гледам и почесто, па кучето ќе ми помогне да му го дознаам името, и на кучето, па и на неговото:D Каква стратегија развив, само нека е слободен и заинтересиран за мене колку што е убав. Фала.
Комши ако прочиташ, не знам дали ќе се сетиш на мене, ама повеќе време поминувај пред зграда кај клупите во паркчето:vozbud::pos:
 
ДК
Само да ти кажам дека му фрлив око на еден комшија што не му знам име, која иронија а, знам дека се согласуваш со мене.;)
Не седи на мојот спрат за да му побарам шеќер кога ќе ми снема, ама па има куче кое треба да го шета, па кога ќе се позатопли времево сигурно ќе поминува повеќе време со него надвор, па веорјатно ќе го гледам и почесто, па кучето ќе ми помогне да му го дознаам името, и на кучето, па и на неговото:D Каква стратегија развив, само нека е слободен и заинтересиран за мене колку што е убав. Фала.
Комши ако прочиташ, не знам дали ќе се сетиш на мене, ама повеќе време поминувај пред зграда кај клупите во паркчето:vozbud::pos:
секако дека се сетив на тебе и јас те симпатизирам......
утре со цела екипа од Се за љубов ќе ти дојдам на врата комшивке (y) не паѓај во несвест....

Д.
колку сила, енергија и мотивација ти доаѓаат кога сакаш да станеш некој и нешто. кога сакаш да станеш човек во животот. кога сакаш да станеш поуспешен од некој х човек и сакаш тој да биде под тебе :свиркам: мислиш цел свет ќе го срушиш, мислиш дека се се врти околу тебе
 
- Прво. Моментот кога добиваш more than you bargain. Го користам најстариот трик во книгата, 'Придобиј ја другарката, па после заврши работа со посакуваната'. Другарка и' испаѓа дека и' е уствари сестра, таа шо мене ми фати око била мажена (жалосно за годините) и после 2 секунди сестра и' ми вика : А шо ќе кажеш за мене? Косата ми се крена .. :confused:

- Второ. На спротивната страна од барот забележувам ретка врста, ме гледа и она. И' дигам чаша, она ме кани на нејзината маса. Непобитна привлечност и жешка тензија. Обожавам сексуално самоуверени девојки, на кои им е згодно во сопствената кожа и знаат што сакаат. Убаво беше, штета што втор пат нема да ја видам. Ех Сања, Сања ...

Трето - После многу време вечерав здраво после ноќно излегување, таков чизбургер до сега немав јадено. Вредеше ! И многу ќееф ми направи тоа што Демијан Лилард освоил во Скилс Челенџ на Ол Старот. (y)
 
Леееееееле треба да го преведувам ова, мари пари се еј, во два полсати ги јадам и пијам :icon_lol:. Мислам лично за мене не го правам за пари изгледа :icon_lol:.

Бевме курешки од кај И. да земиме, море смрдење лајна кокошкини една количка цела и после кај бавчата, ама природно ѓубриво најјако е, уште една количка по еден месец ќе му земиме. На внук ми 6 јајца му дадоа пресни тогаш снесени и то :icon_lol:.

Ај да не се заебавам да го преведам ова :icon_lol:.


 
Кајганче!
Преку глава ми е од мачкиве во маало, ако ништо друго бар помалку нека вриштат.Ме убиваат во поим:unsure:
Иначе ја добра фала на прашање.
 
jas imam najdobra zenska na svet i mnogu ja sakam pozz ema najjaka sii

images


Гнидо една.. дур спијам!
 
Моментот кога одиш на свадба каде што не ти се иде никој незнаеш, каде сите се у парови, а ти седиш со сестра ти и зет ти на маса како да си им ќерќа. Мораааввв значи онаа сестра ми и нејзините техники на уценување.....по селска свадба у животов немам видено. Салата преполна, музиката одлична, ама гостиве поим од играње да немаат. Имаше еден дел неколку маси фаци како сите од планина симнати никогаш цивилизација да немаат видено, покажуваат со прсти те оговараат пред фаца. Али невестата закон, по хард кор нема. после 5 минути соблекување стиклите и облакање папуча (оние како чизми) дреч розева. Абе мува не ја лази.....искрено се помалку сакам да правам свадба (ако се мажам некогаш)........
Мислам да земам да си средам некои работи во брзо време и да тркнам некаде на неколку дена на бистрење мозок од се и од сите...........ремонт драга целосен психички ремонт :pipi:
 
Драга К
Денешниов ден буквално ме истроши психички, толку многу тешки настани ме турнаа на земја, некако се разочарав од некои луѓе. Но ќе помине ова чувство, мора да помине, ќе биде подобро.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom