Кајганчич ... ретко пишувам на темава, но сакам да ти кажам дека денес научив добра лекција за животот.
Живеј си го животот и гледај си само за себе ... колку повеќе си добар кон другите, толку повеќе ќе те згазат.
Денес се изненадив од некои луѓе, не очекував дека по толку години пријателство ќе се случи тоа што се случи ... сватив дека се' било една голема лага и дека денес непостојат вистински пријатели, постојат само „пријатели“ од корист, а кога ќе немаат повеќе корист од тебе ќе ти го завртат грбот ... едноставно денес останав без зборови.
Колку повеќе се трудиш на некој да му помогнеш и да бидеш добар со некого ... ќе ти се врати како бумеранг, но не со добро, туку напротив со лошо.
Но ... сето ова беше една добра лекција, на никој да не веруваш, и на никој да не му се доверуваш, бидејќи тоа еден ден ќе го искористат против тебе.
И најважно од се' е да не се разочаруваш во вакви моменти, туку да им покажеш на сите дека цврсто стоиш на земја и дека неможат да те повредат.