Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Kajгано,
што треба да се случи за да направам нормален муабет со неа...
 
Како што заврши претходниов ден,така почнува и наредниот.Емотивен до бескрај,неверојатно чувствителен.Се чувствувам,море не знам како се чувствувам.Човече ќе ни ја рушат салата,во која паднаа реал и порто,во која се освои првата титула,во која педерите ги научивме да пушат.Па волку ебано тажно не би се осеќал ни да ми раскине женската.Тоа беше единственото место на кое во прошлите 4-5 години се осеќав безгрижно и каде што не размислував за проблемите што ги имам во животот.
 
Од сите гадења што сум ги доживеал, најнеподносливо ми е она кое произлегува од човечката лицемерност и отсуство на совест.
Единствено омразата е таа што ми го спречува нагонот за повраќање!

Нема да се спуштам во вашата кал, нема да ја играм вашата игра, но сигурен сум дека со екстаза ќе гледам како таа иста кал ве конзумира! Вашето време изминува.
 
Љубави, некој член ми мрчи зашо сум му мрчел....најверојатно е другар на некој друг член што нема што да ми реплицира. Јебига, лајф ис а бич иф јор ајкју ис врло ниско.
 
Кајганче
Овој пост си го посветувам стриктно само на мене и на мојата љубов кон самата себе која почна да расте точно на овој ден пред една година.. :)
Нека звучи овој пост самобендисано, гајле ми е.Посекако е подобро да го напишам него ли да го кажам на глас, зошто инаку моите дома ќе помислат дека сум отишла со паметот:icon_lol:
Во 10 часот посабајлечки, на овој ден пред една година, веќе бев сместена во операционата сала, приклучена на апарати, полна со паника и нервоза.Не знаев што да очекувам, ми остануваше да се надевам дека се ќе испадне во најдобар ред.Ако ништо друго, доколку не се десеше посакуваното, се надевав дека бар нема да се завлечам по долната линија.Докторите се обидуваа да ме опуштат, дури и премижаа на моето играње со апаратот кој ти го мери тактот на срцето.Бев толку исплашена и едноставно сакав да заврши операцијата што е можно побрзо, за да го видам ликот на мајка ми кој при напуштањето на собата беше исплашен и блед.Сакав што побрзо да ме однесат кај неа, за да ја смирам и да и кажам "епа готово e ":).
Како што моеш да приметиш Кајганче, денес многу повеќе се љубам за разлика од пред една година.Се љубам заради храброста која постојано ме турка напред и ради мудата кои многумина велат дека ми се поголеми од на едно машко.
Јас денес не го славам нити Валентин нити Трифун, овој ден за мене има трето и многу поголемо значење од овие два празника.Го славам мојот успех, мојата амбициозност и упорност, затоа што да не беа тие карактеристики толку зашиени во мојата кожа, јас денес не ќе бев тоа што сум.Многу емоционален ден за мене Кајганче, нека ми простат другите членови ако го тупам со постов.Ќе ги изгушкам за возврат, затоа што денес полна сум со љубов, и нема да дозволам ама баш ништо овој ден да го направи несреќен.
Cheers to me Кајганче :)
 
Дрн дрн , како и што се очекуваше . Среќен ден на вљубените / среќен ден на пијаниците. Само пива и срциња летаат . Абе на никој да не му текнеше да честита именден на сите Валентини ... и на Трифун Костовски .
 
- Се будам у 12 и нешто, се испружувам на седмоседот да се соземам малце, отварам ајпедот и гледам дека само ЊЈ ме кутнал на спортска. :mad:

- Се мијам, седнувам да доручкувам, си мотам импресии од синоќешната утакмица, читам анализи, гледам видео извештаи и мислења од главните актери. Ремито супер испадна на крај изгледа !

- Влегувам на ФБ пред 20 мин. и една од пораките : Другар положен си по Инвестиции со 7ица, частење чекам !! :vozbud: Ми падна голем товар од плеќи, ѓаволски предмет беше овој. Се' ми се чини дека до после ритуалски ќе ја пеплосам книгата во каминот.

- Секој втор пост на ФБ - Св. Валентин :facepalm:. Си имав идеално другарче за Св. Трифун неколку години уназад, кое исто како мене повеќе му се славеше алкохолот - на православен начин. Ама ми кидна за Немачка лани, така да ќе ископам нов играч за вечер !Поводи, поводи, поводи ...
 
Грипот се погрижи да не празнувам вечер...ќе си се дружиме со Фервекс некое време:pipi:
 
ДК,

Да расчистиме: денес е за

wine-glass.jpg


а секој ден е за


:)
 
Д.
го знаеш чувството кога не знаеш дали си среќен или тажен? кога не знаеш дали да се смееш или да плачеш? не знаеш дали да скокаш од среќа или да се изнавикаш за да го испразниш гревот? зошто баш мораше пред неа така да се поставам????????????????????????????????? :tapp: :tapp: :mad: зошто испаднав како најглемиот будала? ЗОШТООООООО? господе те молам нека заборави дека воопшто сме зборнале денеска.....само ти знаеш за кого ти зборувам и како се чувствувам..........
го знаеш чувството кога во главата ти пулсираат две вени толку силно што мислиш дека ако некој те загледа в чело ќе примети кај што ти скокаат вените?
толку многу работи ми се случија досега (денеска) што до вечер ако ме погоди метеор воопшто не ми е чудно.
-ГЛУПАК НА ГОДИНАТА-
п.с. сите заминаа по еден пат, а јас сам по друг пат демек поблиску ми е и ..............баш мораше таа да ми излезе :tapp: ја сместив толку длабоко во душава и малку ја подзаборавив, а сега кога ја видов нешто ми подлетна в стомак, нешто ми скокна :sick:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom