Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга , често се прашувам зошто животот е суров , и зошто дебили имаат толку многу пари да со нив незнаат што да прават... препотентни створења кои мислат дека ако имаат пари имаат се.. најдобро cитуацијава ја опишува оваа песна
 
Како така, за глупости... си попив 8 поена од прекршоци, и тоа за 8 дена. Ќе морам у иднина по внимателен да бидам, да не си праам сеир на форумов :/ Инаку банот не ми бега :eek:

... друго нема ништо, животот тече, убаво е сеуште. Така нека и остане.

Го чекам да дојде Февруари, отсекогаш сум имал тој месец убави дешавки, и многу важни работи ми се случувале токму на тој месец. Да видиме оваа година што ќе ми донесе Февруарчо :)

И то.
 
Во 3 саат сабајле гледам "Како беше текстот" на Шител, на репертоарот доаѓа "Абре воденичаре" и доаѓам до 3 заклучоци:
  1. Драган Вучиќ е тежок сељак и голем идиот(заклучено по 1249943234234 пат)
  2. Натпреварувачите во емисијава се уште поголеми идиоти од него
  3. Народното македонско творештво е полно со перверзии и сексуални алегории, што имплицира зошто модерното македонско уметничко творештво е полно со истите само на подиректен начин, што понатаму имплицира дека мислата "македонски филм (книга) без поп и секс нема " е 100 % вистинита.
Поради чуден сплет на околности мислава токму денеска (вчера) се покажа како точна.Содржана беше во роман на една писателка чиј најнов роман го разлистав, а во кој еден лик-момче на 14 годишна возраст, прва година гимназиско образование има секс со својата професорка по музичко.Односот, зачинет со слатко од вишни, е толку сочно опишан што ме зачуди од каде една жена во пензија би имала толкава инспирација и фантазија да ја напише оваа сцена, што ме наведе на уште еден заклучок, неповрзан со емисијата на Драган, а тој гласи: перверзноста на еден човек не исчезнува со неговото стареење, односно старите луѓе се исто толку перверзни колку и тинејџерите само што тоа не го искажуваат јавно.

Утре повторно училиште :sleep:, плус прва смена, па решив вечерва ако успеам да не заспијам воопшто за да си го доведам биоритамот на телото во колосек.Доста беше спиење од 5 до 5.
 
Кајганче!
Тешко е да излезеш на крај со толку обврски и истовремено да седиш мирен.Мене ќе ми откачи жичката кај и да е, како што организмот почна да ми откажува.. Мама болна, тато вчера го фати, еве ме и мене денес ги покажувам првите симптоми:oops: Зарем не можеше ова да почека до крајот на неделата? Ко за инат мора сега вака да ми биде.
Иначе, вчера на момент, два сакав да претепам една личност, ја трпам и трпам, фитиљов ми е при крај.Сепак, иам мнобу побитни работи од неа со кои веќе се замарам.
И сакам да искочам без да ми виси над глава облачено црно во кое пишува треба да учиш, не шетај.Многу е подруго кога си релаксиран и се посветуваш целосно, иначе и да сакаш, не можеш да уживаш доволно.
И така.
 
Е вака бе драга се живее, на мир. Кај баба ми сум си од вчера, ниту некој турира кола по 5 саати на ден, ниту некои од комшииве се во чудни религиозни друштва па да пеат ко моите што и денес пееле во двор.... Се старци одоколу во зградава, до вц едвај идат па камоли да тропаат :p истата населба, на главна улица, а помирни комшии, радости.

Сега ќе си изгледам некоја епизода од Only fools and horses и ќе учиме после. :coffee:
 
Кајгич

ЕУРЕКАААААААААА

Се вратив јас, се вратија и ракометарите.
До мене било, РФМ треба да ми плаќа аранжман да бидам што подолго отсутна :pipi:
 
Е добро бе Драга, биваше да сонувам полово општење на животни?! :facepalm:
 
Д. Кајага

Како сум само напизден еј! Идам денеска на факултет да земам оценка, и пази професорката ми вика заборавила дека денеска треба да земаме оценки, да сум дошол за за два-три дена. А јас се летнав од друг град. Еее добро кој ги само прима такви неодговорни и несериозни особи? И тоа професорка во високообразовна институција. Слика и прилика. Интелектуалци my ass. :facepalm: Клати врата и зимај 1000 евра плата. Више не се трпи хаосов и безднава од држава. Сите се правиме паметни, а по се изгледа сме она спротивното. Да доположам тоа испитите и пакувам куфери.
 
Драга,
Денес ми ја пуштија Bella Ciao додека поминував по сред Партизанска пешки. Какво чувство, ах. :pos:
Единствено е жален амбиентот во кој одеше песната. Се собрала само беда народ.
 
As in Team Foudation ServeR?
Мајки Бој, тук не се цитира. Јас комуницирам со Кајганчето за ТиЕфЕс и неговите убавини.

А ако толку сакаш да знааш, питај ме у Приватна Порака. Фала Многу.


Кајганче,

Народо љубопитен. И јас викам да се водам по девизата, дека сите там и Асан.

Поздрафф,
љубопитен Луки

пс. Не е злонамерен коментаро.
 
Е вака бе драга се живее, на мир. Кај баба ми сум си од вчера, ниту некој турира кола по 5 саати на ден, ниту некои од комшииве се во чудни религиозни друштва па да пеат ко моите што и денес пееле во двор.... Се старци одоколу во зградава, до вц едвај идат па камоли да тропаат :p истата населба, на главна улица, а помирни комшии, радости.

Сега ќе си изгледам некоја епизода од Only fools and horses и ќе учиме после. :coffee:
I'm kinda jelly.. јасно ти е нели? Сакам секташи за комшии!

Онтопик.
Драга топ е, само многу цагери фаќам ко шубе ми е некако :cautious: И да, во испитна сесија сум, ќе гледам да го преживеам јануари, некако. Ама не ме плашат колоквиумите, не ми е страв да не испопаѓам се и сешто, повеќе ме плаши тоа што не ме плаши истото. Да. :D
 
Д.
само ја ли од цел форум славам водици? гледам никој ни ти кажува како си поминал, ни нешто, а ја дури сабајлево си дојдов од село. џабе ќе трошам мастило и букви овде дур пишувам оти никој не ја разбираа таа убавина, па ни ти (ок освен тие малкумина што одат в село и разбираат за што зборувам) (y)
ах бе драга колку ми недостигаат овие вакви собиранки. сите луѓе, што потекнуваат од тоа село, идат (без разлика каде живеат) за да си се опуштат, да се видат со пошироката фамилија и пријатели.
па музика, па пиење, па зафрканции, па маски, па дружење, па смеење...........штета што еднаш годишно се гледаме.
не се свесни колку си ја сакаам таа фамилија и тие пријатели и општо цело село (ок со исклучоци) :D
што се однесува до мене ја цела недела би го празнивал овој празник, ама знаеш како е....работа, школо, факултети, 300 обврски..........(n)
(малку поживо интерпретирана)


:vozbud:
 
Сабајле кога бегав од факултет едно малечко стоеше пред врата со мајка му и плачеше за да одат побрзо на училиште дека немал појдено еден месец...ама ако мало е што разбира јас само си помислив да знаеш што те чека ќе плачиш уште погласно.
Ама тоа е се тече се се менува, различни луѓе различни интереси и желби.
А јас само учам и ако се биди во ред утре ќе се комплетира семестарот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom