Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
драга,
новата година ја почнав како шо треба.
одлучив и спроведив на дело : за минливи работи во живото не се замарам !!
како на пример, испитнава сесија си ја започнав без нервози , без 10 херпеси како лани и се си полагам, стасувам на време и ми е супер.
отворив уште една класификација на луѓето во мојот живот, освен луѓе шо ги сакам и луѓе шо не ги сакам, сега има и луѓе шо НЕ постојат за мене, сместив неколку таму и баш ми е супер. Не планирам да се превртувам в кревет навечер како шо ни тие не се превртуваа за мене. И навистина супер ми функционира. Да ги видам на улица паднати без проблем има да ги одминам...
и среќна сум , зато шо не се замарам со тие шо не ги сакам - не постојат за мене , и им посветувам доволно време во животот на тие шо ги сакам : )
п.с одамна требаше вака ама АЈ !
п.п.с те сакам кајги!
 

Jer moj je zivot vjecito padanje
kad zbrojim poraze nista ne ostane
samo jos vucem navike
i sve na tome ostane
Ех драга кајгана

Овој пат ќе напишам цел реферат пошто можеби и последен ќе биде на форумов а и немам некој верен пријател со кој ќе можам ова да го споделам и кој можеби на некој начин ќе ме разбере али ти драга кајгана знам ова ќе го зачуваш па може еден ден да прочитам и да се насмеам слатко камо среќа и тоа да биде инаку ... да знаеш низ што се поминувам ... камо среќа да се разбудев во свет каде што ќе имаше повеќе љубов а не на секоја страна сите се жалат па и мене ме ставаат во ситуација каде што се осеќам како психолог а јас не можам мојот живот да го средам а сакаат да и помогнам јас ... инаку сакаат да имаат љубов човек кој ги сака а уставри они тоа не го даваат сакаат да имаат човек верен али јбг они не се, се вртат на секоја 2 женска со гради големи или пак женските под око гледаат секој 2 фраер и после се жалат овој/а свиѓа други а не гледаат они што прават на фејс да отвориш во порано флертување до даска океј флертување е ... но некои луѓе т.е повеќето немаат граница немаат лимит на 3-4 викаат ти ми се свиѓаш ... а уставри нема врска сето тоа нејзе/него само 1 и се свиѓа а другите ги зафркава онака од што и/муе кејф на душата а он/а што ја свиѓа таа личност што трча по нејзе/него тој него/нема не го ферма ни 2 посто али тоа е прича како колку повеќе трчаш толку повеќе те јебат али драга кајгана тоа се луѓето различни карактери и тн. финтата е што не можам вака премногу ме замараат барем кога ќе и дадам совет да го прифатат а они само колку да се искажат и јас ако кажам нешто од едно влегло друго излегло и така кајгана помеѓи пријателите еден од подобрите тера работа со девојка која не е за него али јбг не сака да разбере а мака ми е што тоа он не го гледа едноставно премногу е заслепен а и јбг таков човек е материјалист :confused: се надевам кајгана ќе избегам од овој град планета еден ден и да заборавам на се и да не ме закачаат повеќе никој ... бидејќи ова е премногу. од лажење филмови правење доста е !
 
Драга мојве стално ми мрчат како само сум лежел, спиел, јадел, пред пц и навечер надвор...што треба да правам кога сум на распуст бе... секој на свој начин си ужива пфф.
 
собирам снег на гугл

надвор денеска пролет
 
кајги седам јадам и спијам, читкам за на факс и тепам време
 
Што ме тераше да отварам некои теми и да се разровам како мало дете?
Очигледно сеуште се неам навикнато на нивното отсуство...
:(
 
Кајгано ма !

Па куќа во дубаи да купував по брзо ќе завршев отколку да купам телефон од нашиве рѓави оператори. Сите некако тромаво ти одговарат,никој не е надлежен,и никој ништо не знае како и секогаш.
Врски за 1 ебен телефон во оваа држава требе да повлекуваш :facepalm: :гомце:

п.с. под секоа сукња танга :свиркам:
п.п.с кога имаш малце пари,го сакаш најмногу летото.кога имаш многу пари ги сакаш сите времиња :D
 
Абе драга само мене ми се случуав кога сум сам дома и имам рокнато музика цело време ми се причинува како некој да ми звони на врата :cautious:
 
Gaara same here, чим слушам гласна музика или се туширам се мислам како некој да вика, многу е creepy... :вонзем:
 
Трет ден на овошје и јогурт. Релаксирачки е, за чудо.

Дваесет и пет години Љубов кон Скопје, мирисот на ќебапчиња во Чаршија, разговорливите ќошиња кај што кројачот, продавачот на шапки и кафеанџијата пијат чај надвор и тераат муабет. Некогаш така, како странец во својот роден град, се ашкам без да барам логики и одговори на сите прашања што се поставуваат како мршојадни птици врз него. Го сакам безусловно, страстно, единствено и ми недостига кога не го гледам, а секогаш го ловам со срцето, како пеперутка во мрежа.

Денов беше топол и чуден како да е 10 јуни. Индиго облаци, мачки полуденки, откопчани јакни и освежени, исправени лица. Месечинава е како насмевката на мачорот во Алиса во земјата на чудата. Книгиве ме чекаат да ги дочитам, а ме спопаднал некој тивок немир, ме лула како во песочен часовник. Ја видов арката, сплавот, што и да е, среде Вардар. Смешки. Подголтнуваш, просто. Го сакаш и го мразиш она што му се случува на ова место. Графитите се вдолж Партизанска, до Ново Лисиче, Радишани и накај Кисела Вода, до Карпош, Сарај и Матка. Секое место дише во својот кожурец. Како Евлија Челебија, сакам да напишам многу, а срцево ми држи малку, прекипува.
Го чувам за нас, за сите мигови што следат. Бев да ги посетам неговите, и пак, во спалната, мирисот на Нас. Душкало, но овој пат не плачев. Знам дека ќе дојде и ќе се љубиме како никогаш порано. Ми купил хулахопки со срциња и цел ден се закачкавме виртуелно. Ми значи што разговара со мене како да е овде. Релацијата ја одржавме, не знам ни сама како. Со Љубов, ами што.

Скопје, не те оставам никогаш, во мисли и во срце си ми, колку и да сум далеку од тебе. И убаво ми рече Везилкана, како медиум, кружиме низ сопствените животи и приказни. Сум те живеела, и ќе те живеам, граду мој, љубов моја.
Едвај чекам да пркне пролет, точаците да остават траг по градов со срциња, ко во најмутав романтичен филм, и на шаторско крило да си лежиме зјапајќи во облаци.

Скопје, јас и ти. Микро приказна за големи нешта.
 
Абе драга само мене ми се случуав кога сум сам дома и имам рокнато музика цело време ми се причинува како некој да ми звони на врата :cautious:
тоа е знак дека наместо youTUBE треба да пуштиш нешто "слично" на него
3025-if-you-know-what-i-mean.png

така ќе намалиш малку звук и ќе бидеш раат.......

Д.
стварно денеска топло цел ден ама еве сега почна да тура да врне :unsure: и температурата одма се намали, а баш сакав да излезам и да шетнам малку......................
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom