драга..
и опет ја..
ти кажав ли за тоа колку сум баксуз и будала ? Нели паметно ќе играв..
Демек ја се однапред имам испланирано.. Да можда, али коа сум при себе. Не бива. Адреналин раш и тоа веќе не сум ја. Сакам да останам смирен у ситуација и да можам да се воздржам. Сепак не е толкава пропаст де, не е крај на свет. Можда никој нема да разбере што сакам да напишам и да кажам, али тоа ми е поентата. Јас си ги кажувам маките, а кој може нека дешифрира.. Да продолжам.. Не смеам веќе да направам глупав потег, или можеби ја само ја преценувам целата оваа работа, се што за некој би било едноставно и секојдневно, обично. Епа си признавам, за мене не е. Онака сум си особа која можда може да разбере се, демек, и да за брзо време смислам нешто, да импровизирам, коа сум на мртвата точка не бива бе, не бива ! Имам една огромна поддршка, без која ни толку не би направил. Можда боље да не направев а ? Е сега тоа ме мачи... Од една страна како безќичмењак си велам ајде еднаш се живее, од друга страна си викам, шо се оптеретувам.. Се оптеретувам, за едно признание кон самиот себе, едно задоволство кое можеби и не е како што го замислувам и не е толку големо но сите сакаат да го доживеат. Зошто не и јас.. Не е проблем сето тоа, но ме мачи другата страна.. Како се размислува од таму, како гледа на работите, на мене. Дали изгледам сериозен ? Не знам, но мислам дека доста сигнали испуштив за да бидам сватен сериозно. Си пишувам сеа овде и си велам зошто ? Не сум јас ова бе.. Епа јас сум, би можел вака додека не заспијам, додека не папсам пред мониторот. Да си кажувам што ме мачи, а секој да може да дознае и пак да не знае што. Убав е светот. Само треба д го рзбереш. Да се откажеш од емоциите и да се препуштиш на се што се случува. Така нема разочарување, тага, среќа ако сакаш може да има, но не е таа вистинската. Сепак подобро ќе поминеш. Високите очекувања се гадна работа. Коа наеднаш ќе те спуштат на земја.. Не е ич убаво, затоа драги мои немојте да очекувате ништо.. Ама ништо. Одете по патот по кој ве води животот и не се надевајте за некои работи премногу бидејќи постои голема можност за неуспех.. Кое клише напишав, јебига така се осеќам коа сум неоптеретен и без обавези. Се најдобро, очекувај ме повторно, драга Кајгана.