OSHO-Lover
Konecno Sloboden...
Извини што те замарам ама морам да ти кажам нешто...ДК
Да ти кажам Драга, сум решил, ќе праам некои промени во мојот живот.
Ко за почеток ќе се откажам од сите овие глупости на интернет на кои го трошам времето. Нажалост помеѓу нив си и ти Драга.
Но ти си мал проблем. Се откажувам Драга од сите компјутерски игри. Тие ми одземаат далеку повеќе време и ми се чини имаат направено далеку повеќе штета во животов. Сум ти кажал Драга дека сум зависник од интернет и од игри? Епа еве да знаеш. Искрено, долго време не сакав ни да си признаам самиот на себе па камо ли на некој друг. Беше она како со сите зависници: можам да прекинам во секое време. Хахахаахах.... аххх... Не можам Драга, не можам во секое време. Ќе прашаш, зошто сега баш, што е 1ви поразличен од 31ви? Многу едноставно Драга, 1ви означува почеток на нова година. Го имаш она чувство на нов почеток. Тоа е како кога ќе станеш рано насабајле и имаш чувство како цел ден да е пред тебе и можеш што сакаш да направиш со него, дека можеш да си го подобриш животот. Затоа вака правам рез и вртам нова страница.
Посакај ми среќа Драга, ќе ми треба. Не сум многу јак карактер, лесно паѓам во искушение, затоа знам дека ќе треба да дадам се од себе за ова да успее.
Не велам збогум Драга. Ќе се вратам за една година и ќе ти раскажам што се случило, дали успеале моите намери. Не дека некому му е гајле... Ама морам да дадам ветување некому. Ако го дадам на себеси сигурен сум дека ќе го прекршам... како и милион други пред него.
Curious, over and out.
Порано ко помал бев и јас зависник(на некој начин, помалку или повеќе) од игрици... Но откако се запознав со медитација и почнав полека да ја практикувам(во тоа време не знаев точно што како е да се биде медитивен, ама се трудев...) како се повеќе ја рабирав медитацијата и навлегував подлабоко во неа, така се губеше желбата за игрици(ти го кажувам ова за игрици, но важи за многу други, какви и да се, зависности...) како станував се помедитативен и присутен во моментот, едноставно свеста не ти дава и да сакаш да го губиш времето и да се губиш себе си во игриците... Тоа изгледаше нешто вака... пред скрос да ги баталам(т.е. да се разбереме не ги баталив со сила дека сакав да ги баталам како тебе со ветувања и такво нешто, туку самите игрици ми станаа одбивни, самата желба исчезна, зошто, еве зошто...) кога ќе седнев да играм, после пола саат играње(поради медитациите и одржување на свеста во сегашниот момент...) се наоѓав себе си како тој пола саат сум го изгубил во несвест, како во заборав... се штрецнував и како да се пробудував од сон... и одам ја гасев играта оти не можев во тој момент да продолжам... и кога стварно сватив што е медитативност(дури и пред тоа) едноставно повеќе не упалив ниту една игра, ниту пак имам желба за да упалам(значи не се присилувам себе си да не играм, а да ми се игра... тоа ти пробуваш да го направиш, и верувај нема да ти успее така, дури и да ги баталиш игрите, биди сигурен дека ќе најдеш некаква друга зависност...) За да си исчезне желбата сама од себе, мора да се внесе свесност во моментот, а кога ќе бидеш вистински свесен, тогаш самата свест не ти дозоволува да бидеш зависен од што било... затоа викаат дека свеста(медитацијата) ослободува, а најповеќе ослободува од себе си, оти самите ние сме си најчесто најголем проблем, непријател... ради несвесното однесување...
А за интернетот не претеруј... интернетот е потреба, глеј да не си зависен од него, ама да го баталиш скроз и да сакаш не можеш во денешново време... потреба е...

Ете то сакав да ти го речам... речено е, па ти види си дали држи вода ова или не...
Среќна нова и до тебе и до сите Кај-ганџии...

