Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги ќе се обидам да не бидам премногу патетичен и долг.

Ова беше една хел оф а јр за мене , добив мноогу јак шамар во животот кој ме сврте за цел круг. Ти ми помогна многу да ги пребродам оние моменти кога почнуваш да се мачиш со мислите во главата и да заглавиш во моменти од минатото. Едноставно се логирав, и момците "пукаа" од сите страни . Од секојдневниот ремет низ темите во Чек Дис Аут и Хумор , одличните предлози за филмови и дискусии за истите во Филм и Тв , секојдневните пецкања межу фановите во темите за фудбал , типувањата во Тип На Денот , а најмногу мерак ми правеа темите во кои можеш да ја осетиш разумноста на сите овие млади луѓе овде во сериозните теми поврзани со државава .

Во следната година ти ветувам дека ова време ќе сум излезен од факултетот и ќе работам . Време е за промени ( уф,колку политички ми звучи фразава:pos:)

Ти се заблагодарувам за прекрасната 2012 година. И треба да си многу среќна , дека ваква концентрација на млади луѓе полни со интелигенција и смисла за хумор нема ни у Београду.

Се гледаме во следната година , мислам се гледаме утре де :)
 
Д.
уште една година оставивме зад нас. може не си свесна ама да си знаеш дека ми стана секојдневие, па кога ќе беше недостапна по неколку дена, ми идеше од гзот да си каснам :oops: многу убави моменит овде си поминав во 2012, а се надевам дека така ќе биде уштееее мнооогу години.
знаеш дека јас не му придавам толку големо значење на дочекот (како и секоја обична вечер) ама сите толку го величат нештово, па мора и ја да одам во кафана и да се праам дамла. нели не бива сите излезени, а ја со баба дома да седам :rolleyes: така да драга, вечрва ко преживи причаче......
поздрав сега за сега.
се најдобро во Новата година. многу здравје, среќа и успеси тебе и на сите твои членови......каде и да одите вечерва, со кого и да бидете убаво да си поминете :love:
 
па добро бе нека биде и -30 степени ц. не е битно само да не ДУВА ЛАДЕН ВЕТЕР... тоа највеќе мразам од сe : S
 
Кајгич

2013.jpg

Додека ја испраќаме старата година, правиме некаква си анализа каква ни била изминатава година.
Изминатава година ми врза таков шамар, (неочекувано) што веројатно ќе ми треба долго време да се соземам и да ги поправам последиците кои ги донесе:(
А од друга страна станав тета на најслаткото и најмирното бебе на светов.
Сума сумарум, темпераментна година, исполнета со еден куп убави и лоши работи.
Што си посакувам за следнава година, паааааааа ај вака:
- Дедо Мраз, да ми донесе многу снег за скијање
- Дедо Мраз, да ми уплати летување за било каде (не сум до толку пребирлива, само да се вика море)
- Дедо Мраз, конечно да си го добијам посакуваниот автомобил
- Дедо Мраз, да сме живи и здрави уште едно 50 - 60 години, па после ќе му ја мислиме.

П.С. Дедо Мраз, те молам не ми го заборавај пакетчето, ќе го очекувам :pipi:
 
Го гледав пред малку на телевизија Хорхе Иванов, како ги посети болните дечиња на детската клиника и им даваше пакетчиња...Кое лицемерие и патетика не ми се верува...Не можам да опишам колку ми беше жал за децата, кога ги гледав како ги земаат пакетчињата...Мало дете за Нова Година во болница...
И државниот врв ќе викне новинари за да се слика и ќе им дава пакетчиња, а останатиот дел од годината кога ќе треба поголема сум на пари за некои дете да се оперира во странство - тогаш државата го заборава тоа и родителите мораат хуманитарни акции да организираат...
Доблест е да помогнеш кога никој не те гледа!
За Нова Година им посакувам на сите болни деца во светот да оздрават, да имаат нормално детство како своите врсници и ниту едно дете да не страда од ништо...
 
Прво да им посакам убав помин на сите вечер !

Иначе Мала, се истопи и падна во вода убавината, успешноста и исполнувањето на резолуциите во оваа 2012та, а најголемиот виновник за тоа е последниот квартал од годината поради особата XY. Таа средба дефинитивно не ми требаше, проклет нека остане 30ти септември ! Годината ми излезе пандан на сезоните што ги имаше Арсенал во ПЛ до пред 2-3 години - До февруари прв и неприкосновен, март-април-мај потоп и едвај место во топ4 (тие што пратат фудбал ќе ме разберат). Единствена и најголема желба за наредната година ќе ми биде да ја средам и окончам што е можно побрзо таа ситуација, да се присоберам и да се вратам у старата добра форма. Не личи ова на ништо веќе, три месеци капут систем .. Арно не е имало некоја преголема катастрофа.

Хит на кварталот .. Хррррмм оваај на годината !

 
Драга,
нема поубав подарок за Нова Година од тоа да добиеш внук. :)
Најубав завршеток на годината. :X3:

Среќна Нова Година на сите Кајганџии!
Имајте многу здравје, среќа, љубов и секогаш бидете насмеани!
Еве ви уживајте:
 
Јас сакам утре пак да ми ја честите оти сега не се важи, уште 00 сато не дошол
 
eee kajgo...lани беше вака.......а сеа не прашувај како е........пичкууууууу матер........и што дека ми почна убаво новата година,цела ми беше малер. :)
 
Лоша годинава,2013 ќе биде подобра ваљда....П.с. без сентименталности и клишеа,сакам да му посакам на сите убав помин вечер и среќна нова 2013 година.
П.п.с се е дозволено вечер,освен МАШКО со МАШКО
 
Посакувам се најдобро на сите на форумов а и подалеку, браво Кајги за тоа што сплоти ваков микс на луѓе :) За сексот за вечер, веќе си завршив сабајлево така да не се замарам :)) Најубав помин вечер за сите!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom