Еј ми текна мене сега нешто и солзи ми се насобраа. Верував дека постои Дедо Мраз до 2-ро или 3-то одделение јеботе, и сега наставников(да бе машко ми беше од прво до четврто) ми го скрши филмот и ми кажа дека не постои Дедо Мраз. Абе дома паники леле како така. Моиве неможат да ме смират. И остави мајка ми чаша кока кола до елката, па ако била испиена, демек постоел Дедо Мраз. И стварно бе да ти еем, сабајле кога станав чашата беше испиена и тука среќен, дома пукам огномети. И така си помина се` тоа, па мене после долго време ми текна за случкава и ја прашав мајка ми што се дешавало. А тоа татко ми бил кома, па у сред спиење му се примочало и има ли нешто поубаво од тоа на мочање да начекаш чаша ладна кока кола. Си ја испил, ждриг јен два, и па кома у кревет. Абе сум се прснал од смеење. И ете денес пак ми текна на ова, и ми се плаче. Ама и ми одговараше да постои Дедо Мраз, пошто секоја година имав еден куп ствари под елката. Од шатгани, точаци, екшн меновци, некои цедиња, куп пакетчиња до роботи, разни играчки, тротинет и тако даље. Камо уште да верував во Дедо Мраз.
Ми фалат бе тие денови, кога не се грижев за ништо, кога нешто ќе посакаш и или ќе ти кажат неможе или може, не се грижиш за парите, кога и ги стискав образите на мајка ми, кога му се радував на секое пакетче, кога ден ноќ јас трчав на игралиште, кога се гаѓавме со стрели со другарчињата, кога правевме ринг и се ,,боксувавме,, со татко ми, кога мајка ми ќе ми го постелеше цело креветче и ќе ми направеше кола, кога после градинка мајка ми ќе ме земеше со санка и ќе ми купеше играчка од МекДоналдс, кога татко ми ќе ми купеше киндер јајце ако сум заслужил, кога тетка ми ме тераше да пијам пиво, а јас не бе гадно е ова, кога сум паѓал од фудбал, кога сум паѓал од скирол, кога правевме лизгалици со вода, па тој што носеше шушкавец прв се пушташе да испроба, кога се кичмевме да направиме Снешко, кога сум се пентерел по дрва да се направам фраер, кога сме граделе бункери, па сме се ,,тепале,, со други маала, кога сум крадел цреши и сум ги оперирал, кога си играв со зеленото камионче кое денес за жал којзнае кај гние, кога ја чешлав мајка ми и и ги тргав влакната кои паѓаа кога се шишаше, кога ја добив првата двојка на раче во градинка и за која мајка ми ми беше лута, а јас збунет, кога спиев во малите креветчиња во градинка, кога ,,дежурав,, во градинка на врата, кога едно дете ни ги крадеше количките на сите и ни ги боеше со црвено, се сеќавам и на првото најдобро другарче од градинка кое се викаше Оливер, за кој денес не знам ама баш ништо, се сеќавам на учителките Ирена, Нада, Васка кои ме успивале и ме терале да јадам тарана, кои толку многу ги сакав и ме сакале, го памтам и последниот ден во градинка и почеток на школо и зборовите на Ирена која плачеше и на уште многу случки, но тие другпат, неможам да издржам.
Се што ми треба сега е еден времеплов, да ги почуствувам сите тие случки повторно и да ги изнагушкам моите, со кои сум бил лош. Може звучам ко пензионер, ама сите моменти поминати со вашите родители се битни, САКАЈТЕ ги и почитувајте ги. Јас згрешив, немојте и вие. Дрога, курви, алкохол. НЕ ви требаат вакви срања кога ги имате вашите дома, мислете на нив, не попуштајте. Да не пишував во два саат, сега ќе истрчав и ќе ги изгушкав. Не ми се верува што напишав, само сакам да остане на некое место, па за икс години да го прочитам и да си речам, а да, ова беше тоа што го пишував со грутка во грло.
Ај малце сега весело. 1:53. Фатив цагер.
Утре е Нова Година. Во 12 ќе бидам со саканата, ама тоа не ме прави среќен. Немам веќе сили ни за Нова Година. Ми скурчи и препивувањето и чочеците и лудувањата и еблестите дичици и се`. Сакам само да се опуштам, опуштено со 5-6-7 души, да лееме винце умерено, да се смееме, chill атмосфера, баш како најнормална вечер. Уште оваа година ајде нека биде луда, понатаму не.
И покрај толку души над мене што ти се исповедуваат, се надевам барем ќе го прочиташ веселиот дел. Ајт наздравје
PS. ќе ги утепам оние алфа и стиховен калибар со оние статусине