Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
7393.gif


Ко будала се смеам во 3 саат:pos:
 
Кајги Кајгиии мааааа :)
Уште два дена еееееј!!! А колку работи имам да завршам за тие два дена, тоа е ненормално. Ама не е битно, битно расположена сум. И ниеден предмет, ниеден колоквиум, ниеден комшија што слуша Миле Китич у 3 по полноќ не може да ми го расипе расположението. Ете така да си знаат :)
Останативе 4 дена од годинава ќе си ги поминам онака искулирано. И онака премногу турбулентна ми беше 2012, на секое поле. Мислам дека заслужив малку да одморам. Од се. Од сите.
Хоупфули ќе најдам вечер време за собиранка. Па се гледаме Кајги ;)
Поздрав
 
Неможам повеќе да издржам, се распаднувам доста често во последниве неколку дена, но потоа се обидувам пак и да се составам и правам како воопшто ништо и да не било. Среќна, исполнета, радосна, спремна за учење, шетање, дружење. Не можам ни да се замислам со некој друг, го нема тоа во нив, тоа што јас го пронајдов во тебе. А што пронајдов во тебе? Ништо, само еднообично разочарување, може и тоа можеш и само да го дадеш. Нема врска! Но, најголемата иронија е тоа што и да се вратам назад 6-7 месеци и пак да започнам со тебе пак истото ќе го повторам, јас бев среќна во тие моменти, ми беше најубаво, цел свет го имав на дланка, а сега.. сега се имам самата себеси и доволно ми е, барем толку доста е, можев и тоа да го немам. Зошто ова се случува? Јас не сакам да се распаднам, моите најблиски го чекаат моментот тогаш кога јас веќе нема да можам.. а јас полека ја губам силата и пронаоѓам сила сама во себе, се борам, преживувам, се обидувам и тоа малку што остана од мене внатре да го направам да е многу и доволно барем во наредниов период да ме одржува. Понекогаш добро ми иде, понекогаш како денес се губам, но јас сум добра.. само ме боли, незнам не очекував од тебе, од тебе не.. имам толку многу прашања до тебе, само го чекам моментот тогаш кога сите ќе ги поставам а ти ќе се изгубиш во одговорите. Да, тој момент ќе биде пресуден, уште малце ќе дојде и тој пресврт.. Ова е само затишје пред бура.
 
Драга Кајгано.

И Новогодишната еуфорија не е тоа што беше...Се секавам од претходните години кога сите по улиците шетавме,пазарувавме,се подновувавме со гардероба за Новогодишните и Божикните празници а сега само разгледуваме по излозите и на лицето имаме само кисела насмевка.Само заради астрономските цени.
А и Нова Година без снег не е Нова Година.Снегот и даваше посебен шмек.Ке биде изненадување ако утре има снег по улиците.Да правиме снешковци,да се санкаме и маваме со снежни топки.Е тоа е тоа што го посакувам.
Ги нема повеке и тие Новогодишни филмови кои беа уште еден предвесник за празниците кои следуваа.
Останува само да се секаваме на старите денови.

let_it_snow_facebook_cover.jpg


Преубаво е нели :)
 
Драга ,

ееее помина време кога последен пат ти пишав , и сега после сите обврски завршени еве сум пак :)

Да не се урочам , периодов ми е топ , колоквиумите ги ’спичкав’ ( уште еден чекам резултати али добро) , резултатите се одлични , се подновив опасно , и само уште една женска ми фали сеа Јануари да ми го исполни и све ќе биде топ :D

Иначе какваа женска сум видел денес то је једно чудо еј :) кај све ја се погаѓам у бус со такви бомби , па дури и ми ја зафрла косата у фаца , одиии бе бегај , одма би те средил во бус , ама ај да не бидам ептен безобразен тука пред цел народ :icon_lol:
 
Последна математика у живот! Никогаш повеќе интегрално сметање, диференцијали, веројатности, статистики, хипотези, ...! Славје Кајгано, славје! :D
 
И така кајги во рок од една година си останав без две мали пријателчиња :(
Во фебруари едното маче, сега и постарото го најдов отруено пред врата :(
Што да правиш, никого неможам да обвинам, маче како маче неможам да го сопрам да оди по други дворови, исто како што и комшиите неможам да ги спречам да оставаат отров за животни, воглавно ради глувци, мада знам дека се и против мачките...
Колку може да им наштети едно маче? :(
Незнам кога ми е потешко дали кога пред 3 години ми исчезна стариот Мемо, дали кога гледав кога малото ми умре во фебуари немоќен да му помогнам, или денеска кога ја затекнав лошата глетка кога излегов во двор :(
И не ми доаѓа памет, имам уште едно малечко, кое сто посто ќе го снајде истата судбина некогаш :(
Се спушти црнава магла и ми го однесе бушавиот дебелко :(
Rip
1005304u.jpg
 
мака ми е кајги, конечно ќе заврши годинава, тешко беше али помина, но работите допрва доаѓаат
оптегнат сум на столица, слушам Лана Дел Реј на слушалки и со нозете на биро, ќе си седам дур не се здрвам вака :)
 
Драга, си го зедов кафематот и чајматот -.- од орифлем, и 4 чаја испив до сеа.
јеееееееееееееее
 
Мала, направив блиц муабет со познаница и фрлив еден пријателски поздрав до сите на масата, без да приметам убаво дека Јана Бурческа е дел од клапата. Ми се виде позната фаца, ама замрачено беше некако во локалот и не укончав на време кое e лицето. Омилениот мој Идол седеше на 2 метра од мене, а јас откако се расчисти маглата се дошикав за кој уствари станува збор :facepalm: .. Срешта наредниот пат ОБАВЕЗНО !

Ѕверка е нели !? :love:

jana-burceska-cetvrta1.jpg
 
Се сопна баш таму кај што и очекував да се сопнеш,мизерно жими се. Бегај од мизеријата додека не те проголтала.


Многу е и ова внимание дадено...


Баш ко по шаблон :D

step 1 step 2 step 3
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom