Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Читам по порталиве, замисли Дедо Мразот на ЕВН шетал по деца и носел пакетчиња.Добра работа.Сега се осеќам како еден мал дел од мене да е со Дедо Мразот на ЕВН.И делчиња од добар дел луѓе во Македонија.Само не знаев дека ЕВН го купиле Дедо Мраз.Криза и во Лапонија ееј!
 
Драга, неам видено погрдо нешто во мојот живот, од ова:
Edward-Random-edward-cullen-31520896-160-160_zps95339c42.gif
 
Е како не ма.......јас сум тука само за нивните желби my ass.....

ужас....

"не може да го смениш народот,прилагоди се ти на нив".......булшит.....пошто сум инаетчија ќе а сменам државата не се менувам јас.....бич
 
Решив да не појдам на последниот колоквиум од 5те, како резултат на добриот помин на 4те, но најмногу како резултат на то шо ми се СКУРЧИ од читање и сакам да ја одморам црпкава. Јавни финанси, а учиш правен, тибам предмето економски. Си сметнав едно филмче сега и че си го гледам така сиот срејЧен
[
 
Незнаев дека во 6 и пол сабајле уште било темница...жими се.
Ми паѓет очиве и се ми се чинит ќе заспијам вака сеа пред компјутер ( скраја да е ), ама ак се напијам уш едно кафе срцево ќе ми излезит мор.
Како ќе издржам јас денес цел ден на нозе ? Дај ма нешо со телепортирањево да напрајме нешо некако, не за друго неам време да ги поминам сите кафани викендов. Ршум ќе напрам па и јас сум чоек. Ко даваш веќе фрли и некоја пара зш празен в кафана не се влегвит.
И така. Ова абер немат да се разденит а требит да излезам за пол сат. Шубајни.
 
кајги пак сум затворен у тие 4 ѕида.. у курец.. знаш кајги, имам да ти кажам 2 работи: личности шо ми значат да ги видам да плачат од среќа на нешто шо јас им го направих, верувај оти е безценето. знаш кајги, на сестра ми и го поклоних саато шо пред некое време ко бееме излезени на шала на смеа кажа оти и се ареса. тука со поклонот и една посвета и напишах у која претежно се говореше за тоа ако некојпат е сама и се осека немоќна, нека погледне саато и ке знае оти јас сум тука и она не е сама. расплача се кајги, расплача се од среќа... досега никојпат ми се нема случено нешто слично: да поради една посвета да видам мој близок да се расплаче.. едноставно срцето почнува да ти трепере и не можеш да исконтролираш емоцијата. премноугу е убава за да ја задржеш у себе. не беше баш така како тава дете шо го има по порталите шо заплачало од среќа ко му поклониле играчката ама сепак тава е тава у кратки црти.
другото нешто шо сакам да ти споделам е шо кајги, колку и да е никаков и расипан Балканот, мене страшно ми недостига.. посакувам сега да можах од среќа да напишам „идам мој Балкане„ како шо направих летото ко си одих ама изгледа ке треба да почекам за да можам пак истото да напишам... за жал..
--- надополнето: 29 декември 2012 во 09:27 ---
Драга, неам видено погрдо нешто во мојот живот, од ова:
Edward-Random-edward-cullen-31520896-160-160_zps95339c42.gif
искрено, ко го гледам ми иде нагон да го тапанесам една со безбол палка и да стане заби и носови...
 
Драга кајгана,
фатен ми е гласот, бев на караоке кај твоиве.
И тоа не пеев, слушав. Да пеев ќе не можев да зборам сеа.
Метеопат сум. Или народно кажано “баба“.
Доста ти е. :*
 
Драга кајгана,
Вчера беше топ само имав мала загуба купив 30 карти за у дискотека да ѓи почастам за роденденот само 6 души ми дојдоа сите се опија и си отида дури и чистев после ...Ама добро поминавме нема да го заборавам овој роденден! Али денес е нов ден ќе идам до Скопјево да си купам телефонче say hello to galaxy s3!!!!!!

Ај со здравје :*
 
Драга,

се осеќам слободен конечно. Завршија полагањава, full сум 10ки бре. :) Сеа станав, си се наспав послем таков напорен и малтретирачки ден вчера. Од денеска сум спремен за било каква активност, и се осеќам премногу слободен. Но да ти кажам некако прославава за Нова Година некако не ми е по кеиф оваа година. Некои ја очекуваат со нетрпение, а јас само онака како обичен ден безвезе. Па ако размислиме малце поубо и стварно е така, прославата за Новата Година е ништо односно ден како и сите други. Добро ми се обрати еден постар човек за ова нешто и имаше право во тоа што го кажа. Порано било поинаку, немало седење преку ден до касно, немало можност да одат секој ден по ресторани, кафани, кафачи и така натаму. Сите чекале некој посебен ден за да можат да го направат сето тоа, односно прославата на денот на Нова Година му било како можност да појдат во кафана, да се облечат малце поразлично од секојдневието и да имаат можност да поседат покасно од она нормалното до кое седеле. А сеа, сето тоа е секојдневие и веќе прославата на Новата Година го губи своето. Ај да не тупам сеа за тоа, туку сакам да ви предложам на сите членови на кајгана, да имате прекрасен викенд, потоа прекрасно да си помините на прославата на Новата Година и да се осеќате убаво празнично расположени сите денови што идат.
Е колетчина сеа од кај Дедо Мраз.

Поздрав
 
Дваесетина шестооделенци собрале пари за елка, лампиони и играчки кои им ги подариле на едно семејство со 5 деца.
Е ова е вест на денот, а не тоа што Грујо отишол да донира во СОС селото.

Еднаш отишол да донира нешто и 218939 пати кажаа на вести.
И ние имавме денес акција, никој не пренесува :)
Исто како и за претходниве 10-тина хуманитарни акции. Класика.

index.php
Еве дел од собраното. Успеав да донесам другар да донира, и една пријателка наша, а најголемиот пакет беше од мене, само што го нема на сликава :)
Нек се угоде, се надевам ќе стасаат во вистински раце на крај. Нашата работа завршена, делбите ќе ги направи една Тетовска црква.

П.с. уште не ми се верува дека ми го отруја мачето :(
Го нема на неговото традиционално место. Малото маче конечно дочека да му го зафати местото на креветот :( Познавајќи ми ја околината, прашање на време е кога и него ќе го снема.
 
Ај у пизду матер еј. Од денес со повеќе памет. Фатеното на спортска одма го поебав. Ми остана уште стотче, а тоа вечер ќе биде в туѓ џеб.

Merry crisis and happy new fear.
 
Кајги

Планирам утре да фаќам автобус за Охрид, или можда задутре. Појќе од месец не сум прибрана, сакам да си го видам градот, али и мојве... новата година ќе си ја поминам работно, али зато предновогодишниов викенд е ѕверски.
Јануари ќе бидит брутален месец, миљон страни за учење и полагања полагања полагања -.-
Од денес ги оставам цигарите... ама сериозно :D не можам ко чоек да се искачам до шести спрат во студентскиов, бедно е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom